Hotel Inex Olgica & Spa 5*, Ohrid

E publikuar ne Македонија, Охрид, Охрид


ПОЛОЖБА:   
Хотел Инекс Олгица, има одлична положба. Прекрасен поглед од кој се одзема здивот. На само 4км од центарот на градот, во мирна и опуштена атмосфера, со прекрасна бескрајна шума и зеленило.

СМЕСТУВАЊЕ:  
Хотелот Инекс Олгица во својот сместувачки капацитет располага со луксузни соби. Сите соби имаат LCD телевизор со кабловска телевизија, телефон, WI-FI, бања, мини бар, услуга во соба. Располага со сопствен паркинг кој е бесплатен за гостите на хотелот. 

УСЛУГА:  
Хотелот нуди услуга на ББ сервис ( вклучен доручек ), ХБ сервис ( вклучен доручек и вечера ), ФБ сервис ( вклучен доручек, ручек, вечера ). Пијалокот не е вклучен во понуда.

СОДРЖИНА: 
Главен ресторан, лоби бар, бар на базен, располага со внатрешен базен и спа центар, телефон, интернет, рент а кар, wi - fi интернет во целиот објект, организација на различни екскурзии во соработка со нашата агенција. Одличен ресторан со прекрасен поглед кон Охридското езеро. Одлична семинарска сали, за одлично организирани настани. Овој хотел е наша топла препорака за Ваше сместување!

ПЛАЖА:   
Има сопствена плажа која е една од најубавите, песончна со мали камчиња со кристално чиста вода на Охридското езеро. Само 200 метри од самиот објект.

СПОРТ И ЗАБАВА:   
Хотелот располага со одличен базен и спа центар, фитнес центар, има одличен централен ресторан, еден од најпознатите во градот, со вкусна храна и одлична музика. Хотелот е одличен хотелски сместувачки објект, за прекрасен одмор.



Тип на соба Услуга Датуми
Зима 2021/2022
Еднокреветна соба Ноќевање со појадок 41 €
Цена по лице во двокреветна соба Ноќевање со појадок 31 €

 

Политика за сместување на деца:
Деца од 0 до 5,99 год без посебно легло-без надомест Деца од 6 до 11,99 год со помошен лежај во иста соба со родител 50% попуст

Пријавување во соби: 
Сместување во соби при доаѓање по 14:00 часот                                  
 Напуштање и одјавување до 10:00 часот 

  • пансионски оброк/ручек/вечера +10 Евра  (класичен оброк-сведска маса) истиот се состои од 2 врсти ладно предјадење,2 вида супа или чорба,3 вида главно јадење месо или риба,3 вида гарнир,слаткарски производи и овошје .Пијалокот не е вклучен во цената  
  • Спа Центар-сауна,фитнес,базен,парна бања –вклучени во цената-со претходно закажување,масажа се наплаќа екстра во зависност од видот И времетраењето на истата.


Напомена:

* Собите се достапни по добиено барање. * Политика на отказ на резервацијата: до 7 денови - бесплатно; помалку од 7 дена - 50% ;  еден ден пред доаѓање  - 100%. 

Услови за плаќање:

Цените се изразени во евра со денарски курс од 62.00. Авансно плаќање по фактура.

Општи услови: 

* За програмата важат Општите Услови на СКТМ. * Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да биде соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. * Сопоственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.  * Организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот како резултата на пандемија без рефундација, но со можност за издавање на ваучер кој клиентите ќе можат да го искористат во следниот период согласно моменталните услови.  * Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај  на промена на цената на хотелот.  * Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

×

Cart

Your cart is empty.