Hotel Mir 4*, Zlatibor

E publikuar ne Србија, Златибор


ПОЛОЖБА:  

 Хотел Мир 4* се наоѓа во најмирниот дел од туристичкиот центар Златибор, на само десетина минути од самиот центар. Овај хотел е идеален за одмор и опуштање а најважна карактеристика на овој хотел е токму мирот и тишината.

СМЕСТУВАЊЕ: 

Хотелот Мир располага со 6 луксузни апартмани, 7 студија и 12 двокреветни соби од 26 до 36 м2 или вкупен капацитет од 62 легла. Сите соби се опремени со современ и најквалитетен намештај, мини бар, ТВ и бесплатен WI-FI.

УСЛУГА: 

Хотелот нуди услуга на ББ сервис ( вклучен доручек ), ХБ сервис ( вклучен доручек и вечера ). 24 часовна рецепција, Услуга за перење на облека, Простор за багаж, простор за чување на ски опремата како и бесплатен паркинг, СПА центар и теретана.

СОДРЖИНА: 

 Ресторанот на Хотел Мир нуди и a la carte мени со локална и интернационална кујна. Додека уживате во прекрасниот амбиент на ресторанот и градината, пробајте некој од нашите специјалитети! Започнете го денот со кафе или чај во стаклената градина со кафе, која се затвора и се загрева во зима додека е отворена во лето и исполнета со здрав златиборски воздух. Опкружени со зеленило и природа, вдишете го мирисот на четинари и испланирајте го денот на Златибор или уживајте во омилената книга, виното, сурфајќи на Интернет.

СПОРТ И ЗАБАВА:

Покрај обавезното скијање и пешачење, можете да уживате и во СПА и Фитнес центарот на овој хотел или едноставно да се опуштите со пијалок на терасата која нуди прекрасен поглед на скијачките центри. Велнес и фитнес центар е достапен за сите гости на хотелот. Уживајте во приватниот спа простор (големо џакузи, сауни) спа со солена соба, парна бања, сауна, базен или вежбајте во простран и модерен фитнес центар кој има голем избор на опрема за вежбање со професионална поддршка на нашиот тренер.

Напомена:

* Собите се достапни по добиено барање. * Политика на отказ на резервацијата: до 7 денови - бесплатно; помалку од 7 дена - 50% ;  еден ден пред доаѓање  - 100%. 

Услови за плаќање:

Цените се изразени во евра со денарски курс од 62.00. Авансно плаќање по фактура.

Општи услови: 

* За програмата важат Општите Услови на СКТМ. * Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да биде соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. * Сопоственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.  * Организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот како резултата на пандемија без рефундација, но со можност за издавање на ваучер кој клиентите ќе можат да го искористат во следниот период согласно моменталните услови.  * Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај  на промена на цената на хотелот.  * Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

×

Cart

Your cart is empty.