Hotel Laki 4*, Ohrid

E publikuar ne Македонија, Охрид, Охрид


ПОЛОЖБА:   
Хотел Лаки, најновото здание во Охрид, ново луксузно задоволство. Прекрасен поглед од кој се одзема здивот. На само 4км од центарот на градот, во мирна и опуштена атмосфера, со прекрасна бескрајна шума и зеленило.

СМЕСТУВАЊЕ:   
Хотелот Лаки во својот сместувачки капацитет располага со луксузни соби. Сите соби имаат LCD телевизор со кабловска телевизија, телефон, WI-FI, бања, мини бар, услуга во соба. Располага со сопствен паркинг кој е бесплатен за гостите на хотелот. 

УСЛУГА:   
Хотелот нуди услуга на ББ сервис ( вклучен доручек ), ХБ сервис ( вклучен доручек и вечера ), ФБ сервис ( вклучен доручек, ручек, вечера ). Пијалокот не е вклучен во понуда.

СОДРЖИНА: 
Главен ресторан, лоби бар, бар на базен, располага со внатрешен и надворешен базен и спа центар, телефон, интернет, рент а кар, wi - fi интернет во целиот објект, организација на различни екскурзии во соработка со нашата агенција. Одличен ресторан со прекрасен поглед кон Охридското езеро. Одлична семинарска сали, за одлично организирани настани. Овој хотел е наша топла препорака за Ваше сместување!

ПЛАЖА:   
Хотелот не располага со сопствена плажа, но изборот на плажи во близина е голем. Можете да најдете на само 500 метра голем избор на плажи.

СПОРТ И ЗАБАВА:    
Хотелот располага со одличен базен и спа центар, фитнес центар, има одличен ресторан, еден од најпознатите во градот, со вкусна храна и одлична музика. Хотелот е одличен хотелски сместувачки објект, за прекрасен одмор.

Тип на соба Услуга Датуми
Ноември - Март 2022
Еднокреветна соба Ноќевање со појадок 55 €
Полупансион 65 €
Полнпансион 75 €
Цена по лице во двокреветна соба Ноќевање со појадок 40 €
Полупансион 50 €
Полнпансион 60 €
Цена за апартман Ноќевање со појадок 200 €
Полупансион 0 €
Полнпансион 0 €

Дополнителни информации:

* Деца до 7 години бесплатно. 
* Деца од 7 - 12 години 50 % попуст.
* Доплата за оброк 10 евра по лице на ден за еден оброк ( ручек или вечера ).

Напомена:

* Собите се достапни по добиено барање. * Политика на отказ на резервацијата: до 7 денови - бесплатно; помалку од 7 дена - 50% ;  еден ден пред доаѓање  - 100%. 

Услови за плаќање:

Цените се изразени во евра со денарски курс од 62.00. Авансно плаќање по фактура.

Општи услови: 

* За програмата важат Општите Услови на СКТМ. * Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да биде соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. * Сопоственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.  * Организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот како резултата на пандемија без рефундација, но со можност за издавање на ваучер кој клиентите ќе можат да го искористат во следниот период согласно моменталните услови.  * Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај  на промена на цената на хотелот.  * Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

×

Cart

Your cart is empty.