Zepter Hotel 4*, Vrnjacka Banja

E publikuar ne Србија, Врњачка бања


ПОЛОЖБА:  

На местото на некогашниот стар хотел Звезда, на централниот дел на шеталиштето и со површина од дури 11.445 м2, денес се наоѓа прекрасниот хотел Цептер, еден од најголемите и највпечатливите хотели во Врњачка Бања. . Хотелот е уникатен спој на старо и ново. Стариот дел, од 1920 година, е изграден директно на Шеталиштето, главната пешачка комуникација на Врњачка Бања, по течението на Врњачка река и нејзината надворешна архитектура е законски заштитена како историски споменик, а новиот, поголем дел од хотелот гледа кон улицата. паралелно со Шеталиштето, што на хотелот му дава совршена позиција и добри приоди од сите страни.

СМЕСТУВАЊЕ: 

Хотелот Цептер располага со 96 лукс соби, 18 делукс соби и 4 делукс апартмани. Сите соби се опремени со најмодерен и најсовремен мебел, со класичен или брачен кревет, во зависност од бројот на луѓе. Придружните елементи кои се дел од собите се внимателно одбрани за гостинот да има најдобро можно естетско искуство и удобност. 

Апартманите се состојат од спална соба, дневна, претсобје и бања. Целосно се реновирани и опремени со луксузен мебел, како и производи на Zepter за здрав и долг живот: Therapy Air - прочистувач на воздух, Edel Wasser - прочистувач на вода и Zepresso кафемат.Излезот на терасата од сите апартмани нуди прекрасен поглед на паркот Врњачка и релаксирачка атмосфера на свеж воздух.

УСЛУГА: 

Хотелот нуди услуга на ББ сервис ( вклучен доручек ), ХБ сервис ( вклучен доручек и вечера ). Доручек се служи секој ден. Хотелот има à-la-carte ресторан кој служи локална и интернационална кујна.

СОДРЖИНА:

На своите гости им нуди најразлични содржини: два ресторани (ресторан Zepter SmartLife и Crystal Hall), бар Zepresso Aperitif, Летна тераса со поглед на Шеталиштето во рамките на ресторанот Zepter SmartLife, кардио-интерна медицина и стоматолошка ординација, Zepter Garden Block, отворен простор каде гостите можат да уживаат во разновиден асортиман на храна и пијалоци.

Од спортските објекти најатрактивен е затворениот базен (комплетно реновиран) со термоминерална вода. На гостите им е на располагање џакузи и сопствена градина со аперитив бар, отворен во лето, како и сосема нова и модерна теретана и сауна.


СПОРТ И ЗАБАВА:

Гостите на хотелот имаат на располагање различни можности за рекреација и спортување. Хотелската теретана е модерно опремен простор за вежбање со повеќе од 30 уреди со можност за вежбање со квалификувани инструктори кои се обучени за фитнес, пилатес и корективна гимнастика.

 Во организација на хотелот, гостите можат да уживаат и во пешачки и велосипедски тури, трчање, вежбање во паркот.Специјалната понуда се состои од организирани планински велосипедски тури и скијање во зимската сезона.


Напомена:

* Собите се достапни по добиено барање. * Политика на отказ на резервацијата: до 7 денови - бесплатно; помалку од 7 дена - 50% ;  еден ден пред доаѓање  - 100%. 

Услови за плаќање:

Цените се изразени во евра со денарски курс од 62.00. Авансно плаќање по фактура.

Општи услови: 

* За програмата важат Општите Услови на СКТМ. * Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да биде соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. * Сопоственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.  * Организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот како резултата на пандемија без рефундација, но со можност за издавање на ваучер кој клиентите ќе можат да го искористат во следниот период согласно моменталните услови.  * Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај  на промена на цената на хотелот.  * Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

×

Cart

Your cart is empty.