E publikuar ne Албанија, Saranda
Хотелот е сместен на само неколку чекори од приватна плажа во склад на хотелот и на околу 1,3 км од центарот на градот Саранда или 10 минути пешки до почеток на шеталиштето.
Ксамил е оддалечен на околу 15 км. Националниот парк Бутринт заштитен од УНЕСКО и неговиот антички град се наоѓа на оддалеченост од околу 20 км. Хотел Калеми е оддалечен околу 1 км од Фери пристаништето и главната автобуска станица. До аеродромот Крф може да се стигне со 1 час возење со траект од пристаништето на Саранда.
Располага со 5 двокреветни, 2 четирикреветни и 18 трокреветни соби. Секоја соба е опремена со клима уред, фрижидер, ТВ, сопствен тоалет, пешкири, течен сапун. Собите се чистат секој ден, пешкирите се менуваат на секои два дена и постелнината се менува на секои три дена.
Хотелот нуди услуга појадок, прекрасно мени на храна каде што може да вкусите традиционална грчка храна. Достапна е и услугата rent a car.
Околу хотелот има супермаркети, продавници, кафе барови, ресторани итн.
Хотелот располага со приватна плажа, каде што на гостите бесплатно им следува две лежалки и чадот.
* Собите се достапни по добиено барање. * Политика на отказ на резервацијата: до 7 денови - бесплатно; помалку од 7 дена - 50% ; еден ден пред доаѓање - 100%.
Цените се изразени во евра со денарски курс од 62.00. Авансно плаќање по фактура.
* За програмата важат Општите Услови на СКТМ. * Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да биде соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. * Сопоственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица. * Организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот како резултат на пандемија без рефундација, но со можност за издавање на ваучер кој клиентите ќе можат да го искористат во следниот период согласно моменталните услови. * Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на хотелот. * Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.