Hotel Mona Zlatibor 4*, ZLatibor

E publikuar ne Србија, Златибор


ПОЛОЖБА:  

Опкружен со прекрасна борова шума, во центарот на Златибор - се наоѓа хотел Златибор Мона.

СМЕСТУВАЊЕ: 

Хотел Златибор Мона на гостите им нуди 120 пространи и топли соби и апартмани, опремени со сите модерни удобности неопходни за целосен одмор и релаксација, вклучувајќи TWC, ТВ, кабловска телевизија со над 40 канали, сеф, мини бар, фен, телефон и бесплатна интернет конекција. Сите сместувачки единици во Хотел Златибор Мона се климатизирани.

УСЛУГА: 

Хотелот нуди услуга на ББ сервис ( вклучен доручек ), ХБ сервис ( вклучен доручек и вечера ). 

СОДРЖИНА:

Покрај сместувањето, хотелот нуди и многу опции за одмор, забава и оброци, како што се рестораните Перун, Вила и Лада бар, игротека за деца Моника, како и комплетно опремен Велнес центар - Инспириум, кој е достапен за сите гости во текот на нивниот престој. Доколку планирате да организирате состанок или конференција, на располагање ви е климатизираниот и извонредно опремен конгресен центар на Хотел Златибор Мона. Се состои од 5 одвоени единици - 3 соби, конгресна сала и сала за состаноци. Може да биде домаќин на најмногу 300 учесници.

СПОРТ И ЗАБАВА:

Велнес центарот нуди професионални релаксирачки третмани и масажи кои се совршени по цел ден на скијачките патеки или по долги прошетки. Гостите исто така можат да се релаксираат во сауните кои се достапни во комплексот велнес центар со доплата.

Тип на соба Услуга Датуми
01.12 - 29.12.2021 29.12 - 16.02.2022 17.02 -16.07.2022
Еднокреветна соба Ноќевање со појадок 81 € 91 € 81 €
Цена по лице во двокреветна Делукс соба Ноќевање со појадок 56 € 62 € 56 €
Цена по лице во двокреветна Стандард соба Ноќевање со појадок 47 € 52 € 47 €
Апартман Стандард за две лица Ноќевање со појадок 75 € 87 € 75 €
Апартман Мона за две лица Ноќевање со појадок 88 € 102 € 88 €

Дополнителни информации:

* Цените се дадени по лице на ден,
* Допллата за трето лице со помошно легло 28 евра на ден
* Доплата за вечера 12 евра, за деца до 7 год. 4 евра на ден, деца од 7 - 12 год. 6 евра на ден.
* Деца до 7 години бесплатно, Деца од 7-12 год. 17 евра на ден.

Напомена:

* Собите се достапни по добиено барање. * Политика на отказ на резервацијата: до 7 денови - бесплатно; помалку од 7 дена - 50% ;  еден ден пред доаѓање  - 100%. 

Услови за плаќање:

Цените се изразени во евра со денарски курс од 62.00. Авансно плаќање по фактура.

Општи услови: 

* За програмата важат Општите Услови на СКТМ. * Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да биде соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. * Сопоственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.  * Организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот како резултата на пандемија без рефундација, но со можност за издавање на ваучер кој клиентите ќе можат да го искористат во следниот период согласно моменталните услови.  * Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај  на промена на цената на хотелот.  * Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

×

Cart

Your cart is empty.