E publikuar ne Македонија, Охрид, Охрид
ПОЛОЖБА:
Комплексот Мизо се наоѓа на самиот брег на Охридското Езеро, во близина на
старата рибарска населба Канео и на само еден километар од старата охридска
чаршија. Опкружен со површина од чиста вода на езерото од една страна и
прекрасна приватна природа.
СМЕСТУВАЊЕ:
Комплексот располага со три депаданси и прекрасни дрвени
куќарки, модерно опремени со туш кабина, телевизор, клима уред, мини бар,
целосно опремена мини кујна, WI-FI конекција.
УСЛУГА:
Хотелот нуди услуга на ББ сервис ( вклучен доручек ), ХБ
сервис ( вклучен доручек и вечера ), ФБ сервис ( вклучен доручек, ручек,
вечера ). Доплата за дополнителен оброк 434 денари. Секој оброк за деца од 1 до
12 години се наплаќа по редовна цена од 310 денари.
СОДРЖИНА:
Во состав на Хотел Мизо има ресторан за индивидуални гости, ресторан за
свадби и други свечености со можност за пренамена за одржување на средби,
конференции, состаноци, семинари... Ресторанот има капацитет за 550 гости. На
самиот брег на езерото има летна тераса која нуди разни видови пијалаци и
вкусна храна. Сопствениот приватен паркинг на хотелот значи
поголема сигурност на вашето возило.
ПЛАЖА:
Комплексот располага со: отворен базен, приватна плажа, приватна марина
(платформа).
СПОРТ И ЗАБАВА:
Спортските терени кои ги исполнуваат современите стандарди
се одлична можност за спортски екипи за одржување тренинзи или спортски игри
или пак за разонода за гостите во слободното време.
Заради моменталната ситуација со Ковид-19 цените подлежат на
промени.
За најдобри цени побарајте понуда на:
info@dmcbalkans.com
+398 77 739 000 Viber/WhatsApp
+389 46 256 333