E publikuar ne Македонија, Охрид, Охрид
ПОЛОЖБА:
Хотел Аура се наоѓа во туристичкиот комплекс Св.Стефан, оддалечен 4км од центарот на
Охрид, на регионалниот патен правец Охрид – Св.Наум и 10км од аеродромот
Св.Апостол Павле. Хотел се простира на самиот брег на Охридското Езеро и се
наоѓа помеѓу пространството на бистра сина езерска вода и зеленилото на
боровата шума низ која поминува шумска уредена патека која Ве води до
манастирот Св.Стефан на надморска висина од 720 м.
СМЕСТУВАЊЕ:
Сите соби се со приватна бања и туш кабина, фен, посебен клима уред, мини
бар, сеф, сателитска телевизија, балкон со прекрасен поглед спрема шума и
прекрасното Охридско езеро.
УСЛУГА:
Хотелот нуди услуга на ББ сервис ( вклучен доручек ), ХБ
сервис ( вклучен доручек и вечера ), ФБ сервис ( вклучен доручек, ручек,
вечера ). Пијалокот не е вклучен во понуда.
СОДРЖИНА:
Главен ресторан, лоби бар, телефон, интернет, рент а кар, wi - fi интернет во
целиот објект, oдлични конгресни и семинарски сали, за одлично организирани
настани.
ПЛАЖА:
Плажата од хотелот е одалечена само 30м, приватна плажа во сопственост на
хотелот. Песочна и камчеста плажа, опремена со лежалки и чадори. До плажата се
оди преку пат. Лежалките и чадорите околу базенот се бесплатни.
СПОРТ И ЗАБАВА:
Во организација со нашата агенција може да се организираат секаков вид на
спортски активности, екскурзии и различни забави.
Заради моменталната ситуација со Ковид-19 цените подлежат на
промени.
За најдобри цени побарајте понуда на:
info@dmcbalkans.com
+398 77 739 000
Viber/WhatsApp
+389 46 256 333