Hotel Radika 5*, Mavrovo

E publikuar ne Македонија, Маврово


ПОЛОЖБА: 
Хoтел Радика е планински комплекс лоциран во Националниот Парк "Маврово", Западна Македонија, на одлична издигната позиција над Мавровското Езеро, која е опкружена со автентична шума. Локацијата е инспиративна во текот на целата година.  Одличната локација и опкружување (1400м надморска висина), просторните соби, стилскиот дизајн како и големиот СПА центар, ќе придонесат Вашиот престој во Хотел Радика да биде незаборавен.

СМЕСТУВАЊЕ:
Хотел Радика ги нуди најлуксузните и најпространи хотелски соби во Македонија. Собите се со современ, елегантен и удобен мебел, изградени во барок и модерен стил. Тие се одликуваат со дигитален ТВ со над 80 канали, минибар, клима уред и бања.  Располага со 5 видови хотелски единици, приспособени за сечии потреби. Хотелските соби имаат поглед кон Мавровското Езеро и дел кон планински пејзаж.  

УСЛУГА: 
Бесплатна Wi-Fi е достапна во сите области. Бесплатен приватен паркинг е достапен на лице место.Хотелот располага со прекрасен ресторан кој може да ги задоволи и најголемите гурмани.

СОДРЖИНА:
Хотелот располага и со внатрешен и надворешен базен, фински сауни, парни бањи, масажи, турски амам, џакузи со солена вода, спортски терени, забавно рекреативен центар, ски лифт, ски опрема, моторни санки за возрасни и деца, велосипеди како и многу други подобности кои ќе го направат Вашиот престој во Радика исполнет и интересен.

СПОРТ И ЗАБАВА:
Во зима, гостите можат да изнајмат ски опрема и моторни санки за деца и возрасни. Во лето, гостите можат да уживаат во отворен базен и бар, како и спортско игралиште и услуга за изнајмување велосипеди и многу патеки за пешачење и планински велосипедизам. 
Истражувајте и уживајте во прекрасните пејзажи вкусувајќи ја природата и духот на националниот парк "Маврово" преку организираните тури околу:

  • Мавровското езеро
  • Планината Дешат
  • Реката Радика
  • Водопадите во селото Дуф



Заради моменталната ситуација со Ковид-19 цените подлежат на промени.  
За најдобри цени побарајте понуда на:
info@dmcbalkans.com 
+398 77 739 000 Viber/WhatsApp
+389 46 256 333

Напомена:

* Собите се достапни по добиено барање. * Политика на отказ на резервацијата: до 7 денови - бесплатно; помалку од 7 дена - 50% ;  еден ден пред доаѓање  - 100%. 

Услови за плаќање:

Цените се изразени во евра со денарски курс од 62.00. Авансно плаќање по фактура.

Општи услови: 

* За програмата важат Општите Услови на СКТМ. * Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да биде соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. * Сопоственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.  * Организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот како резултат на пандемија без рефундација, но со можност за издавање на ваучер кој клиентите ќе можат да го искористат во следниот период согласно моменталните услови.  * Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај  на промена на цената на хотелот.  * Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

×

Cart

Your cart is empty.