E publikuar ne Македонија, Маврово
Хотелот „Макпетрол” - Маврово е сместен во пазувите на планината Бистра, покрај Мавровското Езеро на 1300 метри надморска височина во националниот парк „Маврово”, со извонредни услови за зимски и летен одмор и рекреација.
Хотелот располага со 40 двокреветни соби и два апартмана, сопствен паркинг и ски гардероба. Собите се со стелитска ТВ, безжичен интернет, телефон, мини бар, тоалет и тераса со прекрасен поглед кон ски терените.
Хотелот работи врз принцип на полупансион (шведска маса). Има климатизиран ресторан со 300 седишта, аперитив бар, снек-бар и летна тераса со национални и интернационални специјалитети.
Хотелот располага со климатизиран мултимедијален простор, ТВ сала, снек бар и сала за конференции, семинари, симпозиуми и разни прослави.
Извонредно подготвените скијачки терени, трите жичарници, дванаесетте ски лифтови и сноу борд патеките гарантираат незаборавен одмор и рекреација за љубителите на зимските спортови. Ноќното скијање и прекрасната панорама се уште едно пријатно изненадување за гостите кои го посетуваат овој познат туристички центар. За љубителите на рекреацијата постојат можности за излети, долги прошетки и планинарење, маунт бајк, лов и риболов, посета на бачилата на Бистра, манастирот Св. Јован Бигорски и селата од Галичник, каде што старата Македонска култура и обичаи се се уште зачувани. За спортистите постојат можности за организирање подготовки во спортска сала, како и на отворени спортски терени
Заради моменталната ситуација со Ковид-19 цените подлежат на
промени.
За најдобри цени побарајте понуда на:
info@dmcbalkans.com
+398 77 739 000 Viber/WhatsApp
+389 46 256 333
Тип на соба | Услуга | Датуми |
---|---|---|
Зима 2021/2022 | ||
Цена по лице во двокреветна соба | Ноќевање со појадок | 27 € |
Полупансион | 33 € | |
Цена по лице во Апартман | Ноќевање со појадок | 36 € |
Полупансион | 42 € |
*Доплата за користење на еднокреветна соба +30 % на горенаведените цени.
* Попуст за користење на трето легло во соба ( за лице од 7 и повеќе години ) - 30 % на горенаведените цени.
* Доплата за полн пансион + 10 евра по лице за оброк.
* Едно дете до 6 години бесплатно ( не користи посебно легло и оброк ).
* За 1 ноќевање на овие цени се пресметува + 30%
* За 6 и повеќе ноќевања - 10 % попуст.
* Собите се достапни по добиено барање. * Политика на отказ на резервацијата: до 7 денови - бесплатно; помалку од 7 дена - 50% ; еден ден пред доаѓање - 100%.
Цените се изразени во евра со денарски курс од 62.00. Авансно плаќање по фактура.
* За програмата важат Општите Услови на СКТМ. * Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да биде соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. * Сопоственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица. * Организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот како резултата на пандемија без рефундација, но со можност за издавање на ваучер кој клиентите ќе можат да го искористат во следниот период согласно моменталните услови. * Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на хотелот. * Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.