Hotel Lihnidos De Lago 4*, Ohrid

E publikuar ne Македонија, Охрид, Охрид


ПОЛОЖБА:    
Со прекрасна архитектура и нови реновирани соби,  хотел Де Лаго се наоѓа на влезот во стариот град Охрид и нуди пространо и шармантно сместување. Со прекрасната локација во центарот на градот и соби со поглед на езеро, во близина на хотелот ќе најдете добро познати ресторани, кафичи. Пред самиот хотел се наоѓа пристаништето , плоштадот и Охридската чаршија, а до стариот град и познатите цркви Плаошник и Канео се стигнува за неколку минути пешачење. 

СМЕСТУВАЊЕ:   
Собите се луксузно опремени со ТВ , интернет , посебни тоалети. Некои соби имаат џакузи и поглед на езеро.

УСЛУГА:  
Хотелот нуди услуга на ББ сервис ( вклучен доручек ).

СОДРЖИНА:   
Пред самиот хотел има ресторан во кој може да уживате во првото утринско кафе со поглед на езеро и одличната храна подготвена со многу љубов.

ПЛАЖА:  
На само 600 метри од објеткот се наоѓа најблиската плажа Канео.

×

Cart

Your cart is empty.