Hotel Panoramika Design & Spa 4*, Skopje

E publikuar ne Македонија, Скопје


ПОЛОЖБА:

Хотел Панорамика Дизајн и Спа се наоѓа на падините на планината Водно, еден од најбогатите региони во Скопје. Хотелот е сместен помеѓу најпознатите амбасади, дипломатски резиденции, вили итн., и нуди прекрасен поглед кон градот Скопје. Убавината на планината Водно се претопува во урбаната панорама, нудејќи во исто време во непосредна близина топ кулинарски места за незаборавно искуство, како и најдобрите атракции за посета. На пешачка оддалеченост од сите позначајни знаменитости како Меморијалната куќа на Мајка Тереза, Камениот мост, Археолошкиот музеј, Тврдината Кале, истовремено лесно достапни со автомобил или јавен транспорт, Хотел Панорамика Дизајн и Спа е идеалниот хотел за Вашиот престој во Скопје, без оглед дали сте тука за бизнис или одмор.

СМЕСТУВАЊЕ: 

 Бањите обложени со мермер, меките душеци, софистицираниот мебел, тоа се само мал дел од деталите кои го прават Хотел Панорамика Дизајн и Спа место пријатно за луксузно уживање. Удобностите на хотелот нема да Ве остават да посакате нешто повеќе. За Вашиот комфор и уживање тука ќе најдете бесплатна wi-fi интернет конекција, електронски сефови со големина на лаптоп, мини бар и целосно опремени бањи со фен, бањарки и папучи, козметичко огледало и многу повеќе. Одлични конгресни и семинарски сали, за одлично организирани настани.

УСЛУГА: 

 Хотелот нуди услуга на ББ сервис ( вклучен доручек ), ХБ сервис ( вклучен доручек и вечера ), ФБ сервис ( вклучен доручек, ручек, вечера ). Пијалокот не е вклучен во понуда.

СОДРЖИНА:   

 Панорамика значи поглед од широк агол на просторот, вклучувајќи задоволство, уживање, радост и многу други работи кои Ве носат поблиску до среќата. Нашата инспирација беше иницирана од овој посебен збор и нашиот Хотел беше именуван по него!

Хотел Панорамика Дизајн и Спа, гостољубив и аристократски, Ве очекува да Ви посака добредојде во срцето на градот. Модерен по својата архитектура и дизајн, прекрасно измешан со природата на убавата планина Водно, елегантниот луксуз на хотелот е надополнет со магичниот поглед на градот, кој може да се ужива од неговите соби и апартмани.

СПОРТ И ЗАБАВА: 

Поминете еден летен ден во нашиот отворен кафе бар, впивајќи го сонцето на Скопје додека се издига над Милениумскиот крст, или поминете го во шопинг во некоја од градските продавници, пазари и шопинг центри. Загрејте се во хотелската сауна и релаксирајте се после напорниот работен ден или ослободете ја Вашата енергија во нашата сала за вежбање. Уживајте во нашата современа и вкусна Македонска и Медитеранска кујна во нашиот Panoramika a la carte ресторан.



Заради моменталната ситуација со Ковид-19 цените подлежат на промени.
За најдобри цени побарајте понуда на:
info@dmcbalkans.com
+398 77 739 000 Viber/WhatsApp
+389 46 256 333

×

Cart

Your cart is empty.