Park Hotel & Spa 5*, Skopje

E publikuar ne Македонија, Скопје


ПОЛОЖБА:


Сместен во срцето на Скопје,  Парк Хотел и Спа е отворен за сите со префинет вкус и желба за уникатни искуства. Парк хотелот е единствен луксузен хотел во земјава кој е уреден со внимателни уникатни дизајнерски решенија кои се посебно осмислени за секој квадрат од хотелот. Сместен е во градскиот парк во Скопје, до брегот на реката Вардар, со што на посетителите им овозможува да бидат опкружени во природна средина, а сепак да се блиску до центарот на градот. 

СМЕСТУВАЊЕ:

Парк Хотел и Спа-Скопје располага со 80 луксузно уредени соби, кои се опремени со уникатни содржини. Неговиот урбан и уметнички ентериер кои зрачи со автентичен дух и нуди неповторлив амбиент за дружење и престој.

УСЛУГА: 

Хотелот нуди услуга на BB услуга (вклучен појадок), услуга HB (вклучен појадок и вечера), FB услуга (вклучен појадок, ручек, вечера). Пијалоците не се вклучени во понудата.

СОДРЖИНА: 

 Главен ресторан, лоби бар, бар, телефон, wi - fi интернет во целиот објект, организација на различни екскурзии во соработка со нашата агенција. Одлични конгресни и семинарски сали, за одлично организирани настани.

СПОРТ И ЗАБАВА: 

 Хотелот освен својот уникатен лукузен изглед и можностите што ги нуди за сите гости, располага и со најмодерен спа центар и фитнес сала. Токму фитнес центарот кој е во моментот најголем и располага со најнова опрема, заедно со спа центарот и барот се содржини што ќе го направат Парк Хотел и Спа посакувано место.



Заради моменталната ситуација со Ковид-19 цените подлежат на промени. 
 За најдобри цени побарајте понуда на: 
info@dmcbalkans.com 
+398 77 739 000 Viber/WhatsApp
+389 46 256 333

×

Cart

Your cart is empty.