Hotel Desaret 4*, Ohrid

E publikuar ne Македонија, Охрид, Охрид


ПОЛОЖБА:  
Хотел Десарет се наоѓа во туристичката населба Пештани, одалечен 12 километри од центарот на Охрид, на регионалниот пат правец Охрид – Св Наум. Комплексот на хотелот е изграден во стилот на традиционалната Охридска архитектура од 19-тиот век, и се простира на самиот брег на Охридското Езеро, опкружен со пространство на бистра езерска вода од една страна и бескрајна зелена шума од националниот парк Галичица од друга страна. Ваквата местоположба ви дава можност да поминете незаборавен одмор во стилот на традиционалното и модерното опкружување. 

СМЕСТУВАЊЕ:
Комплексот располага со три депаданси и вили околу хотелот, опремени со туш кабина, телевизор, мини бар, целосно опремена мини кујна, WI-FI конекција.

УСЛУГА: 
Хотелот нуди услуга на ББ сервис ( вклучен доручек ), ХБ сервис ( вклучен доручек и вечера ), ФБ сервис ( вклучен доручек, ручек, вечера ). Пијалокот не е вклучен во понуда.

СОДРЖИНА:
Во состав на Хотел Десарет има ресторан за индивидуални гости, ресторан за свадби и други свечености со можност за пренамена за одржување на средби, конференции, состаноци, семинари. Ресторанот има капацитет за 650 гости. На самиот брег на езерото има летна тераса која нуди разни видови пијалаци и вкусна храна. Сопствениот приватен паркинг на хотелот значи поголема сигурност на вашето возило.

ПЛАЖА:
Комплексот располага со: отворен базен, приватна плажа, приватна марина (платформа), располага со два спортски терени комбинирани за мал фудбал, кошарка, тенис, ракомет и одбојка кои се изградени за потребите на гостите кои престојуваат во Хотел Десарет.

СПОРТ И ЗАБАВА:
Спортските терени кои ги исполнуваат современите стандарди се одлична можност за спортски екипи за одржување тренинзи или спортски игри или пак за разонода за гостите во слободното време, има одличен базен за ваша рекреација и одмор! 

 

Заради моменталната ситуација со Ковид-19 цените подлежат на промени.  
За најдобри цени побарајте понуда на:
info@dmcbalkans.com 
+398 77 739 000 Viber/WhatsApp
+389 46 256 333

×

Cart

Your cart is empty.