Hotel Stone Bridge 5*, Skopje

E publikuar ne Македонија, Скопје


ПОЛОЖБА: 

Хотелот Stone Bridge се наоѓа веднаш до Камениот мост, кој датира од 15-ти век и е главен симбол на Скопје. Сместен директно во културниот и комерцијален центар на градот, хотелот е одлична база од која може да започнете со откривање на македонското наследство.

СМЕСТУВАЊЕ: 

Хотелот располага со прекрасно уредени соби и апартмани.

УСЛУГА: 

За деловниот престој на гостите, хотелот Stone Bridge обезбеди софистицирана технолошка опрема за реализација на конференции, презентации, семинари, предавања, прес-конференции и останати видови на настани.

СОДРЖИНА:   

  SKY RESTAURANT Панорамскиот поглед од Sky ресторанот е нешто што постојано ќе Ве освојува.Од овде ќе ја видите целосната приказна на градот и неговото живописно окружување од Водно со Милениумскиот Крст, Шар Планина и Скопска Црна Гора.

Додека уживате во храната, ќе бидете воодушевени од елеганцијата и луксузноста на ентериерот, збогатен со лустери од Swarovski кристали и релјефни уметнички дела со мотиви од старо Скопје. VIP делот нуди поинтимна атмосфера за опуштени разговори или едноставно уживање во живата изведба на музиката со виолина и пијано.

Менито нуди префинет избор на локални специјалитети, ориентални јадења, препознатливи вкусови на медитеранот и најубави интернационални јадења, во комбинација со домашни и странски вина.

  Lounge Bar Divan Lounge Bar Divan е идеално место за пауза од деловните обврски или за релаксација со семејството и пријателите. Од разновидните понуди на менито ги издвојуваме сендвичите, пиците и разните видови на торти и колачи. Влезот од барот ќе ве импресионира со својот изглед и аристократската грациозност. Уживајте во богатиот неокласичен ентериер кој е надополнет со летната тераса. Барот Ви нуди магични моменти со поглед на Камениот мост како и фонтаните и музеите на плоштадот Филип II. 

СПОРТ И ЗАБАВА:

Негувајте ги телото, умот и духот на софистициран и ефективен начин. Хотелот Stone Bridge нуди фитнес сала со гардероби и туш кабини. Рекреирајте се во базенот или едноствано уживајте во џакузито. Опуштете се во сауната и релаксирајте се со третманите на салонот за масажа.



Заради моменталната ситуација со Ковид-19 цените подлежат на промени.  
За најдобри цени побарајте понуда на: 
info@dmcbalkans.com 
+398 77 739 000 Viber/Whatsapp
+389 46 256 333

×

Cart

Your cart is empty.