Одмор на Занзибар – се што треба да знаете за ова прекрасно место

Објавено во Блог


Рајски бели плажи, тиркизен океан, мирис на ванила и цимет и насмеани локални жители се првите асоцијации на овој рајски остров во Индискиот Океан.

Занзибар е сместен на корален остров во Индискиот Океан и дел од источноафриканската држава Танзанија.  Бел песок, тиркизно море, палми, незагадена природа, сето ова е доволно за идеален одмор и уживање на овој остров во Индискиот Океан. Занзибар пред се е остров со прекрасни, насмеани и неверојатно опуштени и забавени луѓе. Тука сé е во насмевката, така што не заборавајте дека и вие треба да бидете насмеани. Hakunamatata или животот е прекрасен. Оваа фраза ќе ја слушнете на секој агол! 
Главниот град и единствениот град што постои на овој остров е Стоун Таун, овој град е културен центар на Занзибар, карактеристичен со голем број на испреплетени, тесни улици, секогаш преполни пазари со мирис на различни зачини, голем број на џамии и големи арапски куќи со раскошни дрвени порти.Многу, многу зачини се одгледуваат во Занзибар: ѓумбир, цимет, каранфилче, кардамон и многу други. Сето ова, заедно со кулинарските влијанија оставени од народите кои го освојувале островот со текот на времето, го прават Занзибар вистински кулинарски рај.
Доколку имате авантуристички дух и сакате да истражувате тогаш дефинитивно Занзибар е место кое мора да го посетите!


Временски услови во Занзибар 

* Во Занзибар има монсунската клима со жешко сонце. Температурата на воздухот од јуни до октомври е +26 Целзиусови степени, од декември до февруари од +28 до +37. Температурата на водата достигнува +30 од декември до февруари.

*Дождовната сезона во Занзибар е од април до мај и во ноември. Во тоа време, на територијата на архипелагот може да има врнежи од дожд, но поголемиот дел од времето има такви поројни дождови што повеќето од хотелите се затворени. Во дождовната сезона, летање до Занзибар не се препорачува, бидејќи во ова време постои висока активност на маларичните комарци. 

*На Занзибар плимата и осеката се исклучително изразени. Кога е осека капењето е невозможно, а кога е плима (2 пати во денот) уживаме во капењето.

Временската зона е UTC+3, односно во текот на зимското сметање на времето разликата помеѓу С. Македонија и Танзанија е 2ч, а во текот на летното сметање на времето е 1ч, затоа што Танзанија не преминува на летно сметање на времето.


Важни информации за влез

* За влез во Занзибар (Танзанија) на лица со валидни македонски пасоши потребна е виза која се вади на лице место при пристигнување на нивниот аеродром. Потребно е да се пополни формулар, да се приложи фотографија на бела позадина (3,5 х 4,5) и да се плати износ од окулу 50$ на одговорните служби на аеродромот. 

* Специфична вакцинација за влез на Занзибар не е потребна ниту задолжителна. 

* При влез во Занзибар, важноста на пасошот потребно е да биде минимум 6 месеци од датумот на пристигнување.

* За влез во Занзибар, потребно е да се приложи негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа



Корисни информации

* Занзибар изобилува со прекрасни плажи од ситен бел песок. Водите на Индискиот Океан се чисти, топли и пријатни во текот на целата година, но на многу места има изразена осцилација на воденото ниво - плима и осека. Најпознатите и меѓу најдобрите плажи се наоѓаат на северниот дел од островот - тоа се Нунгви (Nungwi) и Кендва (Kendwa). Особено атрактивни се бидејќи се заштитени од силен ветар, а плимите и осеките се многу мали, поради што се пријатни за капење.

* Занзибар може да биде активен одмор доколку сакате. Има доста тури кои мора да ги посетите. Посета на фармата со зачини (мала фарма на зачини и овошје), која е доста едукативна, но и вкусна. Има дегустација на 15 видови овошја. Не пропуштајте турнеја низ Островот Затвор, каде ќе ви биде дадена необична можност да ги нахраните и да ги галите џиновските желки, од кои најстарата е стара дури 200 години. И дали знаевте дека шумата Јожани е единственото место во светот каде што можете да го видите црвениот колобус, ендемичен вид мајмун? Ова е само мал дел од искуствата што го прават патувањето во Занзибар авантура на животот.

* На Занзибар треба да се обрне внимание на уличните продавачи кои често знаат да бидат напорни поради желба да ви продадат сувенири. Во состојба се неуморно да ги следат туристите, што може некому да му биде и непријатно.

* Мнозинството од населението е муслиманско - 98%. Затоа, немојте да се изненадите што во Занзибар ќе ги најдете сите елементи специфични за муслиманска земја, од девојчиња со хиџаб, жени со бурка до многу џамии. Наш совет е, за која било друга муслиманска земја, да се облекува соодветно. Како девојче, на пример, обидете се да избегнете кратки фустани и шорцеви кога ќе се оддалечите од хотелот и неговата околина. Наместо тоа, можете да изберете подолги фустани или шалови и да ги покриете рамената.

* Доколку сакате сами да прошетате низ островот може да се движите со локален превоз Дала Дала. Тоа е мало комбе со отворен покрив кое собира околу 10 луѓе. Ова е најкористен превоз и од локалните жители и е најефтин, за околу 20 долари може да го обиколите цел остров. Може да користите и такси кое се разбира е побезбедно и чини од 30 - 50 долари.

×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.