Објавено во Турција, Кападокија
Кападокија личи на космички пејзаж пресликан од некој научнофантастичен филм, од некоја далечна планета на која само навидум нема живот. Најмистичниот и најтаинствениот предел што некогаш би можел да го посетиш во животот. Се' тука над земја и под земја е фасцинантно и неверојатно. Се разбира, чудесата на Кападокија не се дело на вонземјани, туку дело на човештвото и автентична историја на човечката цивилизација.
Индивидуален програм со авион од Скопје со Turkish Airlines
Посетете ја волшебната Кападокија, мондемско туристичко место кое порано било нарекувано „земја на самовилите“. Ова место чие име на персиски значи „Земја на убави коњи“ е познато и по многубројните прекрасни долини, кањони и фантастично обликуваните камења, кои својот облик го добиле како резултат на ерозијата, дождовите и ветровите илјадници години наназад.
Термини во Јануари
05.01 - 09.01.2021 (4 ноќи)
12.01 - 16.01.2021 (4 ноќи)
Детали од лет за период 05.01 - 09.01.2021
TK1004 05JAN SKPIST 0905 1240
TK2012 05JAN ISTASR 1445 1605
TK2013 09JAN ASRIST 1655 1820
TK1005 09JAN ISTSKP 2020 1945
Детали од лет за период 12.01 - 16.01.202
TK1004 12JAN SKPIST 0905 1240
TK2012 12JAN ISTASR 1445 1605
TK2013 16JAN ASRIST 1655 1820
TK1005 16JAN ISTSKP 2020 1945
Ден 1.
Поаѓање од Аеродром Скопје во 09:05 часот до Истанбул, префрлување на вториот лет од Истанбул за Кајсери во 12:40 часот. Пристигнување на Aеродромот во Кајсери, во 16:05 часот. Трансфер до хотел Кападокија. Вечера. Ноќевање во Кападокија.
Ден 2.
Појадок. Ден за слободни активности и уживање. Враќање во хотел, вечера, ноќевање во Кападокија.
Ден 3.
Појадок. Факултативен излет летање со балон на топол воздух, ова е навистина искуство кое се случува еднаш во животот и нема подобар начин да се видат препознатливите пејзажи на Кападокија од нежно лебдење над главата во балон со топол воздух. Поаѓањето го гарантираме се додека тоа времето го дозволува.
По 09:30 - 09:45 часот. Поаѓање од хотел. Панорамата на Гореме е панорамска точка каде што има прекрасна глетка на градот Гореме со своите спектакуларни пештерски куќи. Музејот на отворено Гореме е првиот и најголем манастир во која е започната науката на верата. Ќе ги посетите црквите, капелите и манастирите врежани во самовилските оџаци со насликани фрески на ѕидовите од 10 до 13 век. Во 4тиот век тројца значајни луѓе создадоа ново единство: Велики Свети Василиј епископ Кајсерски, неговиот брат свети Григориј Ниски и свети Ѓорѓи Назијан. Аванос е познат по керамиката, занает кој датира од периодот на Хетитите. Црвената глина која ја обработуваат локални мајстори доаѓа од реката Кизилирмак. Кизилирмак, која го дели Аванос, е најдолгата река во Турција. Долината Деврент има различни видови на самовилни оџаци. Меѓу нив се оние со капи, конуси кои се обликувани како столбови и зашилени карпи. ќе се прошетаме низ оваа неверојатна долина. Распрснати низ долината, можете да најдете карпи во облик на животни и самовилни оџаци меѓу другите интересни формации, најлесно е да се забележат делфинот, змијата, фоката, алигаторот. Слободно искористете ја вашата имагинација додека резгледувате Пасабаглари (Долината на монaсите) Овде може да се најдат многу самовилни оџаци со повеќе стебла и капи, а овој стил е уникатен за оваа област. Капелата посветена на Св. Симеон и пустинските камени засолништа се изградени во еден од таквите самовилски оџаци со три отвори.
Ден 4.
Појадок во хотел, одјавување од хотел. Трансфер до Аеродром Кајсери. Поаѓање за Истанбул во 16:55 часот со летот на Turkish Airlines. Префрлување на вториот лет од Истанбул кон Скопје во 20:20 часот. Пристигнување на аеродром во Скопје во 19:45 часот.
Цената вклучува:
Цената НЕ вклучува:
Предлог индивидуални активности:
Цената е дадена во евра и пресметана во денари,1 евро = 62 денари
Цената е валидна до пополнување на места по групна тарифа од авио компанија и промотивни цени на ограничен број соби во наведен хотел и истата е подложна на промени се до момент на резервација (пред резервација проверете ја цена и тарифа на авионска карта). Можност за индивидуални дати на патување на барање .
Услови:
Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.