OAE со авион од Скопје - Комбо програма

Published in Егзотични патувања, Поаѓање од Скопје, OAE со авион од Скопје - Комбо програма


Дата на патување 13-21.12.2021 / престој 14-20.12.2021

14.12-18.12.2021,  4 НОЌИ ХОТЕЛ НА ПЛАЖА НА СЕ ВКЛУЧЕНО ВО РАС АЛ КАИМА ИЛИ АБУ ДАБИ + 18.12-20.12.2021,  2 НОЌИ ХОТЕЛ НА БАЗА СО ПОЈАДОК ВО ДУБАИ


Цените се пакет цени по лице изразени во ЕВРА за уплата во денари (курс 1ЕУР=62МКД) и валидни до пополнување на места по дадени цени на авион (Ве молиме пред резервација да ја проверите цената и расположливоста на места – на барање)

Цените се по лице, за сместување минимум 2 возрасни лица во стандард двокреветна соба (плаќаат полна сума)

*** СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА  - индивидуална програма/ ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА МЕСТА ВО ПРОМОЦИЈА 

ДЕТАЛИ ОД ЛЕТ 
TK1006 13DEC  SKPIST   2035 0010* // TK 762 14DEC  ISTDXB   0130 0700
TK 761 21DEC  DXBIST   0240 0635 // TK1003 21DEC  ISTSKP   0850 0815

Програма на патувањето - авиокомпанија TURKISH AIRLINES од Скопје, со вклучен 20 кг чекиран багаж и 7 кг рачен и оброк согласно политика на авио компанија. Саатници на полетување и слетување се по локално време и согласно моменталнен ред на летање на TURKISH AIRLINES.
 Индивидуална програма.

13-14.12.2021 : 
Полетување од СКОПЈЕ во 20.35. Слетување во Истанбул во 00.10 часот нареден ден. Полетување за Дубаи во 01.30 часот на 14.12. Слетување во Дубаи во 07.00 часот на 14.12. Трансфер до хотел во Рас ал Каима или Абу даби (согласно комбо програма погоре). Пријавување – влез во соба е после 14 часот (доколку има слободна соба може да се чекира во хотелот и порано). Early check in на барање со доплата.

 14-18.12.2021  :
Престој во хотелот во РАС АЛ КАИМА или АБУ ДАБИ. Хотелите се на сама плажа и на база Се вклучено согласно политика на хотелот.

18.12.2021 : 
 Одјавување од хотелите во РАС АЛ КАИМА/ АБУ ДАБИ околу 11 часот и трансфер до хотелите во ДУБАИ (согласно комбо програма). Чекирање во хотелот во ДУБАИ.

18-20.12.2021 : 
Слободно време за престој во ДУБАИ и можност за организирање на факултативни излети

20.12.2021 :
 Одјавување од хотелот во 11 часот и слободно време до трансфер во 23 часот (late check out на барање со доплата).

21.12 :  Полетување за Истанбул во 02.40 часот. Слетување во Истанбул во 06.35 часот и полетување за Скопје во 08.50 часот. Слетување во Скопје во 08.15 часот.

Цената е за целосна уплата при резервација , без право на промена на име или отказ. 
Цените се ПАКЕТ цени дадени по лице за сместување во соодветниот тип на соба СТАНДАРДНА ДВОКРЕВЕТНА за минимум 2 лица во соба (две полноплатежни суми)

Цената вклучува:

  • Повратен авионски билет на релација СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – ДУБАИ – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
  • Трансфер аеродром ДУБАИ - хотел до РАС АЛ КАИМА или АБУ ДАБИ
  • Трансфер хотел РАС АЛ КАИМА/ АБУ ДАБИ до хотел во ДУБАИ
  • Трансфер хотел ДУБАИ – аеродорм ДУБАИ  
  • 4 ноќевања во избраниот хотел во РАС ЕЛ КАИМА или АБУ ДАБИ/ тип на соба/ на база се ВКЛУЧЕНО согласно политика на хотелот (согласно саатници на check-in & check-out)
  • 2 ноќевања во избраниот хотел во ДУБАИ/ тип на соба/ на база се ПОЈАДОК согласно политика на хотелот (согласно саатници на check-in & check-out)
  • Организација и реализација на патувањето
  • Локална асистенција во Дубаи (овластен претставник на српски јазик доколку се земат екскурзии пред поаѓање или за дополнителни екскурзии со уплата на лице место на барање)

Цената НЕ вклучува:

  • Влезна виза за  Дубаи   - 85ЕУР по лице (задолжително за сите лица)
  • Патничко здравствено осигурување кое покрива и КОВИД (ЗАДОЛЖИТЕЛНО)
  • задолжително негативен ПЦР тест (72 часа изваден пред полетување – за влез во Дубаи)
  • * За деца до 12 години кои патуваат со родители – БЕЗ НЕГАТИВЕН PCR ТЕСТ (согласно моментални протоколи за влез во Дубаи)
  • брз антиген тест или ПЦР тест за лица над 18 години (за лица без сертификат за вакцинација) согласно нови протоколи за влез во Р Македонија
  • ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ И ОПЦИОНИ ИНДИВИДУАЛНИ ТУРИ - НА БАРАЊЕ (ДУБАИ ПОЛУДНЕВНА ГРАДСКА ТУРА, АБУ ДАБИ ЦЕЛОДНЕВНА ГРАДСКА ТУРАЧ ПУСТИНСКО САФАРИ СО ВЕЧЕРА, КРСТАРЕЊЕ СО ВЕЧЕРА ПО МАРИНА, ВЛЕЗ ВО BURJ KALIFA, MIRICLE GARDEN & GLOBAL VILLAGE COMBO И ДРУГИ)
  • Туристичка такса која се плаќа директно во хотелот
  • * туристичка такса само во Дубаи (TOURISM DIRHAM, по одлука на DTCM, а број D/000/152/1 87од 05.02.2014) која се плаќа од 31.03.2014 на рецепција во хотел на лице место при check in или при check out (2-4 EUR  по соба по ноќ согласно категоризација на хотелот и тип на соба).  Во случај на апартман со повеќе соби таксата се плаќа за секоја соба според горе наведените критериуми.

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ: Уплатата е во денарска противвредност по продажен курс 62,00. Цената е гарантирана само за уплата на аконатција за резервација. Во спротивно, гарантиран е изност на аконтација, а остаткот е подложен на промена.

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: преку фактура - уплата на аконтација 50% од вкупната цена на аранжманот за резервација, остатокот најдоцна 10 дена пред поаѓање

Важни напомени и доплати за авион и хотел за дополнителен број на лица:

  • Максимален број на лица во двокреветна соба се две лица. Дополнително возрасно лице или дете во соба со две возрасни лица – ЦЕНА НА БАРАЊЕ (без легло или на помошно легло се намалува комодитет на соба)
  • Check in во хотелите е после 14 ч, a check out најдоцна до 12 ч.  Секое користење на соба и услуга во хотелите надвор од наведеното време, е додатно плаќање кое се врши на рецепција од хотелот директно од страна на странката.
  • Сите оброци во хотелите се на база шведска маса (согласно нови КОВИД протоколи)
  • Организаторот на патувањето не е овластен и надлежен да ја процени исправноста и валидноста на патните и други лични исправи на патниците
  • Потребни документи за виза: скенирана фотографија и пасош и податоци за патникот (валиден минимум 6 месеци од дата на враќање од патување)    
  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
  • За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност
  • За добивање на виза за ОАЕ  потребно е при резервација да го донесете пасошот (валиден мимимум 6 месеци од датум на враќање на патување) и слика во боја или да ги доставите скенирани со висока резолуција во JPG формат скенирани првите две страни од пасошот  на кои се наоѓаат податоците на патникот  како и слика со димензија за пасош (доколку ги доставувате скенирани пратете ги на маилот: info@dmcbalkans.com ). Износот за трошоците за визирање не се враќа во случај на неодобрување на виза од страна на имиграционо одделение на ОАЕ. Постои можност  имиграционото одделение да  побара дополнителни документи во зависнот од поединечни случаеви.   

Поради промена на тарифите на авио билетите можна е промена на цената за пакет аранжман. Пред резервација ве молиме цената и условите на патување да ги проверите со вашиот агент. Агенцијата го задржува правото за промена на редоследот на програмата според вонредни околности врз кои неможе да влијае. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност (1EUR = 62 mkd).

Важат општите услови на патување на АТАМ и ДМЦ Балканс


×

Cart

Your cart is empty.