За нас


Добредојдовте на официјалната веб страна на Тур Операторот ДМЦ БАЛКАНС.

Наша дејност е обезбедување на целосни туристички улуги на домашни и странски гости во Северна Македонија и на Балканот.

Клиенти:

Наши најголеми клиенти се тур оператори, туристички агенции и индивидуални лица од Северна Македонија и Светот, кои бараат најдобра услуга по најприфатливи цени.

Нашата агенција е специјализирана за индивидуални патувања во нашата држава, на Балканот, Европските држави, а и веќе за далечни дестинации како што се Дубаи, Малдиви, Занзибар.

Цел:

Наша основна цел е постојано проширување на нови пазари и за таа цел го зголемуваме обемот на работа секоја година и во овој момент од нашето работење нудиме високо квалитетни туристички услуги на сите гости.

Услуги:

Исто така имаме и сектор посветен на организација на настани за бизнис секторот, владини и невладини организации од нашата дршава но и од странство нудејќи ја нашата земја како многу поволна дестинација за деловниот туризам.

Целосно сме посветени на нашата основна цел нудење на туристички услуги со највисок квалитет комбинирајќи ги нашата енергија и ентузијазам со годините на искуство.

Особено задоволство ни преставува можноста да им ги понудиме нашите услуги на голем број на задоволни клиенти кои во наша организација имаат можност да го доживееат задоволството и инспирацијата која произлегува од едно добро организирано патување.

Како резултат на нашата посветеност на туристичката дејност три години по ред 2018, 2019 и 2020 година добитници сме на престижната награда која секоја година се доделува на светско ниво - World Travel Awards.

Основна дејност:

• Организирање на патувања за индивидуалци и групи во земјата и странство

• Организирање на настани и конференции

• Обезбедување на трансфери

• Екскурзии

• Авантуристички туризам

• Учество на саеми

• Тури

Воедно можеме да се пофалиме и со успешната организација на настани за светски познати брендови како: Nokia, Bayer Crop Science, Manchester United football club, Huawei, GWP Med, European Commission и многу други што е причина повеќе да не изберете да ви помогнеме во организирањето на уште еден незаборавен настан.

Контакт информации:

email: info@dmcbalkans.com

Tel. No. +389 46 256 333

Адреса: Булевар Туристичка 52, Ламела 1 Локал 3 Охрид, Република Северна Македонија

Членки на: СКРМ, СКТМ и ЕТОА

×

Cart

Your cart is empty.