Hotel Kamelia 4*, Pamporovo

Published in Бугарија, Пампорово


ПОЛОЖБА: 

Хотелот се наоѓа веднаш до една од најатрактивните скијачки патеки на ски-центарот „Студенец“  на надморска височина од 1.650 м. и има директен пристап до патеката од гардеробата за скијање во непосредна близина на хотелот.

СМЕСТУВАЊЕ: 

Совршено дизајниран да обезбеди максимална удобност на семејствата со деца. Хотелските апартмани имаат сопствена кујна, трпезарија, една, две или три спални соби и удобни софа кревети. Апартманите со една спална соба се со површина од околу 60 м квад. Тие се состојат од дневна соба со кујна, една спална соба, бања и тоалет со луксузна туш кабина. Сите апартмани имаат балкони.

УСЛУГА:  

Хотелот нуди услуга на ББ сервис ( вклучен доручек ), ХБ сервис ( вклучен доручек и вечера ), ФБ сервис ( вклучен доручек, ручек, вечера ). Пијалокот не е вклучен во понуда.

СОДРЖИНА:  

Хотелот нуди релаксација и удобност во Спа центарот опремен со се што ви е потребно за истоварување по долги снежни денови – финска и инфрацрвена сауна, парна бања и џакузи. Нуди и различни масажи и процедури за релаксација од професионален физиотерапевт. До центарот Relax има модерна теретана. Има и панорамски базен со температура на водата во текот на целата година од 30 степени. На располагање на своите гости хотелот нуди и два ресторани – Класичен ресторан со 200 седишта, традиционална таверна со 30 седишта и Родопска скара со шарена летна градина – место каде можете да уживате во уникатните локални специјалитети.

СПОРТ И ЗАБАВА: 

За најмалите се нуди целодневно тренирање во единствената самоодржлива скијачка градинка за деца од 4-9 години, каде покрај забавата на снегот, можат да ги направат и првите чекори на скијање. За понапредните скијачи  нуди модерна опрема за скијање и сноуборд, како и професионални инструктори. Не се заборавени ниту децата кои сакаат игри. На располагање им е специјално опремена соба за игри, затворено детско игралиште и атрактивно игралиште на отворено. Комплексот има и големо мултифункционално игралиште, кое е омилено место на младите и старите во текот на целата година.



Заради моменталната ситуација со Ковид-19 цените подлежат на промени.   
За најдобри цени побарајте понуда на:  
info@dmcbalkans.com 
+398 77 739 000 Viber/WhatsApp
+389 46 256 333

Тип на соба Услуга Датуми
28.12.2021 - 01.01.2022 01.12.2021 - 18.12.2021 / 06.03.2022 - 15.04.2022 19.12.2021 - 27.12.2021 / 02.01.2022 - 08.01.2022 / 21.01.2022 - 05.03.2022
Двокреветна соба Ноќевање 136 € 66 € 95 €
Трокреветна соба Ноќевање 192 € 93 € 133 €

Превземи ценовник
Напомена:

* Собите се достапни по добиено барање. * Политика на отказ на резервацијата: до 7 денови - бесплатно; помалку од 7 дена - 50% ;  еден ден пред доаѓање  - 100%. 

Услови за плаќање:

Цените се изразени во евра со денарски курс од 62.00. Авансно плаќање по фактура.

Општи услови: 

* За програмата важат Општите Услови на СКТМ. * Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да биде соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. * Сопоственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.  * Организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот како резултата на пандемија без рефундација, но со можност за издавање на ваучер кој клиентите ќе можат да го искористат во следниот период согласно моменталните услови.  * Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај  на промена на цената на хотелот.  * Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

×

Cart

Your cart is empty.