Central Inn Hotel 4*, Zlatibor

Published in Србија, Златибор


ПОЛОЖБА:  

Во срцето на Златибор, недалеку од езерото и центарот на сите настани, е сместен Central Inn - нов станбен комплекс. Вашето место за уживање можете да го најдете во новоизградени удобни апартмани, кои ги избирате во зависност од вашите потреби.


СМЕСТУВАЊЕ: 

Central Inn Zlatibor располага со вкупно 16 модерно опремени сместувачки единици. Тринаесет студија и три семејни апартмани. Уживајте во модерните и удобни студиа, кои содржат еден брачен и еден единечен кревет, мини бар, кујна, бања со туш и балкон. Дополнителните погодности вклучуваат фен, клима уред, услуга во соба, услуги за перење, 24-часовна рецепција како и бесплатен WiFi интернет и кабловска телевизија. Апартманите се со дневна и две спални соби. Идеалени  за сместување на големо семејство или 6 возрасни лица. Станот располага со минибар, кујна и бања со туш.

УСЛУГА: 

Хотелот нуди услуга на ББ сервис ( вклучен доручек ), ХБ сервис ( вклучен доручек и вечера ). 

СОДРЖИНА:

Central Inn Gastro bar, дизајниран од енергични и млади луѓе, е првиот Гастро бар во туристичката понуда на Златибор. Идејата е да се создаде незаборавна хармонија на уникатен амбиент и вкус за секој гостин со нов, модерен концепт. Гастро барот се наоѓа во центарот на Златибор, но е одвоен и скриен од гужвите на главното шеталиште, па на гостите им нуди тивка и пријатна средина за уживање со семејството и пријателите со омилената храна и пијалоци.

СПОРТ И ЗАБАВА:

Постојат различни можности да го поминете слободното време на отворено: пешачење, планинарење, возење велосипед, качување, јавање коњи и многу други активности.

Тип на соба Услуга Датуми
Зима 2021/2022
Цена за студио Ноќевање со појадок 70 €
Цена за апартман Ноќевање со појадок 78 €
Цена за апартман комфорт Ноќевање со појадок 118 €

Дополнителни информации:

* Доплата за помошно легло 17 евра.
* Деца до 12 години е бесплатно; Деца над 12 години целосна сума.
* Туристичка такса и осигурување  1,50 евра.  Деца до 15 години 1 евро. 
* Дозволен е престој на миленици.

Напомена:

* Собите се достапни по добиено барање. * Политика на отказ на резервацијата: до 7 денови - бесплатно; помалку од 7 дена - 50% ;  еден ден пред доаѓање  - 100%. 

Услови за плаќање:

Цените се изразени во евра со денарски курс од 62.00. Авансно плаќање по фактура.

Општи услови: 

* За програмата важат Општите Услови на СКТМ. * Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да биде соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. * Сопоственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.  * Организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот како резултата на пандемија без рефундација, но со можност за издавање на ваучер кој клиентите ќе можат да го искористат во следниот период согласно моменталните услови.  * Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај  на промена на цената на хотелот.  * Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

×

Cart

Your cart is empty.