Hotel Zara 4*, Bansko

Published in Бугарија, Банско


ПОЛОЖБА:

Хотел Зара се наоѓа на периферијата на врвот Тодорка во Банско, на 900 метри од ски-лифтот.

СМЕСТУВАЊЕ:  

Секоја стандардна соба има посебен влез и сопствена бања, но 2 соби делат еден балкон. Препорачуваме резервација за 2 поврзани стандардни соби погодни за 4 пријатели или семејство со 2 деца над 12 години. Делукс собите се одличен избор за двајца возрасни со едно и две деца. Површината на собата е околу 51 квадратен метар. Софа креветот овозможува максимален капацитет од четири лица. Апартманите опремена според најновите трендови со површина од 100 квадратни метри комбинирајќи луксуз и удобност, со своите две спални соби и софа во дневната соба нуди удобно сместување за шест лица.

УСЛУГА: 

 Хотелот нуди услуга на ББ сервис ( вклучен доручек ), ХБ сервис ( вклучен доручек и вечера ).

СОДРЖИНА: 

Во луксузниот ресторан Зара ќе имате можност да вкусите дел од автентичните традиционални бугарски јадења и исклучителни специјалитети од целиот свет. Други објекти кои се нудат во хотелот вклучуваат салон за убавина, соба за игри и ски и складирање на багаж. Се нуди и детско игралиште, а родителите можат да имаат корист од услугата на професионални аниматори. Нуди бесплатен пристап до сезонски надворешен базен и велнес центар со внатрешен базен, сауна и фитнес сала,

СПОРТ И ЗАБАВА:  

За ваша целосна релаксација можете да пливате во базен, да користите сауна или да изберете процедура од спа менито. За вашиот незаборавен одмор хотелот нуди школа за скијање и сноуборд и изнајмување професионална опрема.

Тип на соба Услуга Датуми
01.12.2021 -22.12.2021 / 07.03.2022 - 10.04.2022 03.01.2022 - 10.01.2022 / 21.01.2022 - 20.02.2022 23.12.2021 - 27.12.2021 28.12.2021 - 02.01.2022 11.01.2022 - 20.01.2022 / 21.02.2022 - 06.03.2022
Еднокреветна соба Ноќевање со појадок 45 € 62 € 57 € 97 € 55 €
Двокреветна соба Ноќевање со појадок 57 € 79 € 73 € 123 € 70 €

Превземи ценовник
Напомена:

* Собите се достапни по добиено барање. * Политика на отказ на резервацијата: до 7 денови - бесплатно; помалку од 7 дена - 50% ;  еден ден пред доаѓање  - 100%. 

Услови за плаќање:

Цените се изразени во евра со денарски курс од 62.00. Авансно плаќање по фактура.

Општи услови: 

* За програмата важат Општите Услови на СКТМ. * Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да биде соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. * Сопоственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.  * Организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот како резултата на пандемија без рефундација, но со можност за издавање на ваучер кој клиентите ќе можат да го искористат во следниот период согласно моменталните услови.  * Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај  на промена на цената на хотелот.  * Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

×

Cart

Your cart is empty.