Hotel Makpetrol 4*, Struga

Published in Македонија, Струга


ПОЛОЖБА:   
Хотелот Макпетрол е лоциран во прекрасен шумски амбиент со извонредно уредено опкружување, позиција и поглед кон Охридското Езеро. Недалеку е од Градот Струга и на десетина километри од Охридскиот аеродром. Располага со сопствен паркинг, сопствена песочна плажа, базени и рекреативни спортски терени.

СМЕСТУВАЊЕ:  
Хотелот располага со 46 двокреветни соби и три апартмани. Сите соби се климатизирани, со тоалет, телефон, мини бар, сателитска ТВ и тераса со поглед кон Охридското Езеро.. Во апартманите има и џакузи, мини бар, мини кујна и приклучок за интернет.

УСЛУГА:  
  Хотелот работи врз принцип на полупансион (шведска маса). Покрај ова, за ваше уживање и задоволство ви стојат на располагање мајсторите на националната и интернационалната кујна со нивните специјалитети, во ресторанот со капацитет од 300 седишта, аперитив барот, банкет салата, летната тераса и летниот ресторан со 150 седишта.

СОДРЖИНА:  
Хотелот располага со добро опремени соби, надворешен базен, детски базен, ресторан и бар покрај базен, детско катче.

ПЛАЖА: 
Одма под хотелот се наоѓа песочна плажа.

СПОРТ И ЗАБАВА: 
Објектот располага со спортски терени (тенис, ракомет, кошарка, мал фудбал, трим патеки) се организираат спортски игри, тренинзи, и има можност за ноќно спортување, фитнес центар, сауни и базен за ноќно капење.

Слободното време поминете го во посета на Манастирскиот комплекс Калишта, пештерската црква во Радожда, кејот на Црни Дрим, атрактивниот струшки пазар или ноќите на Струшките вечери на поезијата.

*Доплата за Полн пансион +10 евра по лице за оброк ;
*All inclusive услугата започнува на 04.05-01.10.2021

*Едно дете до 6 години бесплатно (не користи посебно легло и оброк)
*Попуст за користење на трето легло во соба( деца и возрасни над 7 години и повеќе) - 30%


×

Cart

Your cart is empty.