Panorama Hotel & Spa, 4*, Krusevo

Published in Македонија, Крушево


ПОЛОЖБА: 

 PANORAMA HOTEL & SPA се наоѓа во густа букова шума нуди најубав и живописен поглед на Крушево. Изграден во далечната 1971 година а комплетно реновиран и дограден во 2018 година. Сите соби се архитектонски одлично решени и испланирани, ентериерно модерно спремени со спој на дрво и камен, секоја соба и апарман е со прекрасен поглед на градот.

СМЕСТУВАЊЕ: 

Хотелот располага со 20 соби и апартмани: 12 двокреветни, 2 трокреветни и 6 апартмани. Сите се со величествен панорамски поглед кон Крушево… Освен еден Јуниор апартман, кој е со бајковит поглед кон буковата корија. Вкупниот капацитет на хотелот е 52 гости. Во зимската сезона, користењето на жичарницата и ски лифтовите се бесплатни за гостите на хотелот.

УСЛУГА:

Хотелот нуди услуга на ББ сервис ( вклучен доручек ), ХБ сервис ( вклучен доручек и вечера ), ФБ сервис ( вклучен доручек, ручек, вечера ). Пијалокот не е вклучен во понуда.

СОДРЖИНА:   

 Хотелот располага со ресторан, внатрешен базен, спа центар, бесплатен интернет на цела територија на хотелот и ски соба за вашата опрема за скијање. Големите стаклени површини на ресторанот Алто ви откриваат неверојатен поглед кон Крушево, кон боровата шума и кон облаците. Традиционалните јадења Ви ја топлат душата, а интернационалното мени ве шета низ светот. Сите јадења се приготвени по највисоките гурмански стандарди од врвни готвачи.

СПОРТ И ЗАБАВА:  

 За вистинска релаксација ве очекува спа центарот со внатрешениот базен кој има фантастична панорамска глетка кон Крушево и стаклен покрив кој ви овозможува постојано да го гледате и небото.Опремен е со хидраулични лежалки, џакузи, топли лежалки и финска сауна. За целосно опуштање, можете да изберете од различните видови масажи: релакс масажа, спортска, медицинска, масажа на стапала и масажа на лице.А за нега на вашето лице и тело, почестете се со некој од повеќето третмани со врвната козметика БАБОР (третман на лице со алги, salt aroma grow третман на тело, лифт експрес третман на лице, Клеопатра третман на тело или витамински коктел за зацврстување и заштита на кожата).


Заради моменталната ситуација со Ковид-19 цените подлежат на промени.
За најдобри цени побарајте понуда на:
info@dmcbalkans.com
+398 77 739 000 Viber/WhatsApp
+389 46 256 333

Тип на соба Услуга Датуми
Зима 2021/2022
Цена по лице во двокреветна соба Ноќевање со појадок 40 €
Цена по лице во супериор соба Ноќевање со појадок 45 €
Цена за апартман Ноќевање со појадок 110 €
Цена за апартман комфорт Ноќевање со појадок 130 €

* Во цената е вклучен појадок, користење на СПА центарот, базен, паркинг, туристичка такса, осигурување, вода по собите, 10 % попуст во Lounge Bar Alto кој се наоѓа на ски терените во Крушево. 
* Дополнителен оброк ручек или вечера се доплаќа 10 евра по лице, за деца под 8 год. 5 евра по лице.* Во супериор, јуниор и делукс апартманите има опција за сместување на трето лице или две деца до 12 год.
* За трето возрасно лице или деца над 8 години се доплаќа 10 евра по ноќ BB по лице.

×

Cart

Your cart is empty.