Published in Македонија, Попова Шапка
Туристичкиот центар е лоциран на најубавата точка на Шар Планина и е едно од најголемите и најубавите скијачки центри во Македонија. Сместен на надморска височина над 1800м.
Хотел Скардус нуди високо квалитетна услуга со капацитет од 140 легла, организирана во повеќе типови на стандардни соби и апартмани, каде што два ВИП апартмани се опремени со сауни.
Хотелот нуди и (Snowcat) превозно средство со капацитет од 15-20 лица кои се превезуваат до достапните предели за скијање и истото се користи и за рекреативни прошетки за уживање во импресивната зимска панорама на Шар Планина.
Посебно внимание е посветено на ресторанот, каде што се служи разновидна високо квалитетна храна и прекрасни вкусови. Освен ресторанот, хотелот Скардус има и бар и две конференциски сали. Конференциските сали се опремени со сите професионални услови за одржување состаноци, семинари и конференции. Исто така постои и СПА центар со два базена (за возрасни и деца), три сауни и фитнес центар. Масажите се организираат на барање на гостинот.
Скијачките патеки се погодни за сите нивоа на скијање, од почетници до професионалци. Исто така, во текот на летото хотелот организира ”Авантуристички туризам” со професионални водичи за пешачење во најубавите места на Шар Планина. Појдовна точка е хотелот Скардус.
Заради моменталната ситуација со Ковид-19 цените подлежат на
промени.
За најдобри цени побарајте понуда на:
info@dmcbalkans.com
+398 77 739 000 Viber/WhatsApp
+389 46 256 333
Тип на соба | Услуга | Датуми |
---|---|---|
Зима 2021/2022 | ||
Еднокреветна соба | Полупансион | 55 € |
Цена по лице во двокреветна соба | Полупансион | 45 € |
Цена по лице во трокреветна соба | Полупансион | 45 € |
Во цената е вклучено:
Ноќевање со појадок и вечера, ( пијалоците не се вклучени во цената), користење на базен, финска сауна, турска сауна и фитнес центар, приватен паркинг.
* Деца од 0 - 4 год. бесплатно.
* Деца од 5 - 11 години 50% од цената.
* Цените се валидни за 2 или повеќе ноќевања.
Напомени:
УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ:
Цените се изразени во евра со денарски курс од 62.00 деанари. Авансно плаќање по фактура.
ОПШТИ УСЛОВИ: