Објавено во Бугарија, Боровец
Клуб хотелот „Јанакиев“ со четири ѕвезди е еден од најновите и најудобните хотели во планинското одморалиште Боровец. Неговото уникатно место, токму на скијачката патека и околната шума полна со стари смреки и елки прави неверојатна комбинација на спокојство и убавина.
Хотелот располага со 34 двокреветни соби и 6 апартмани. Сите тие се опремени со балкони кои нудат прекрасен поглед или на планините или на центарот на одморалиштето. Гостите можат да користат и сауна, топла када и амам со доплата.
Хотелот нуди услуга на ББ сервис ( вклучен доручек ), ХБ сервис ( вклучен доручек и вечера ).
Ресторанот на хотелот нуди традиционално-бугарска и интернационална кујна во комбинација со колекција од внимателно избрани вина и ракии, пријатна атмосфера и панорамски поглед. Во лоби барот можете да уживате во убава музика и голема колекција на пијалоци. Вечерта во пијано-барот ќе уживате во музика во живо изведена од познати музичари и пејачи. Хотелот нуди и затворен базен кој е достапен за гостите.
Хотелот ниди опрема за скијање која не е постара од три години и е подложна на строга програма за сервисирање и замена. Сите инструктори се квалификувани од Бугарската скијачка федерација и Бугарската асоцијација на инструктори за ски и сноуборд дел од Меѓународната асоцијација на ски инструктори (ISIA).
* Собите се достапни по добиено барање. * Политика на отказ на резервацијата: до 7 денови - бесплатно; помалку од 7 дена - 50% ; еден ден пред доаѓање - 100%.
Цените се изразени во евра со денарски курс од 62.00. Авансно плаќање по фактура.
* За програмата важат Општите Услови на СКТМ. * Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да биде соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. * Сопоственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица. * Организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот како резултата на пандемија без рефундација, но со можност за издавање на ваучер кој клиентите ќе можат да го искористат во следниот период согласно моменталните услови. * Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на хотелот. * Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.