Sunny Hills Ski & Wellnes 3*, Pamporovo

Објавено во Бугарија, Пампорово


ПОЛОЖБА: 

Sunny Hills Ski&Wellness е оддалечен 10 км од Смолјан, 10 км од селото Широка Лака со зачувани куќи од стара архитектура. Сместен во Пампорово и оддалечен 350 метри од најблискиот ски-лифт.

СМЕСТУВАЊЕ: 

Имотот нуди пространи студија и апартмани, повеќето со балкони и живописен поглед кон планините. Во секое студио или апартман има телевизор со рамен екран со кабелски канали, удобни душеци од висока класа и дизајн на мебел и греење со конвекција.

УСЛУГА:  

Хотелот нуди услуга на ББ сервис ( вклучен доручек ), ХБ сервис ( вклучен доручек и вечера ), ФБ сервис ( вклучен доручек, ручек, вечера ). Пијалокот не е вклучен во понуда.

СОДРЖИНА:  

Има детски клуб од 100 м2 кој нуди различни активности и лоби бар со разни пијалоци од висока класа. Модерно дизајнираниот ресторан нуди богат појадок и вечера на шведска маса. Нуди бесплатен простор за скијање, бесплатен WiFi и бесплатен приватен паркинг.

СПОРТ И ЗАБАВА: 

Во текот на летото гостите можат да уживаат во пешачење, планински велосипедизам, тениски турнири и јавање коњи во околината. А во зимскиот период може да уживаат на ски терените кои се во непосредна близина на хотелот.



Заради моменталната ситуација со Ковид-19 цените подлежат на промени.   
За најдобри цени побарајте понуда на:  
info@dmcbalkans.com 
+398 77 739 000 Viber/WhatsApp
+389 46 256 333

Напомена:

* Собите се достапни по добиено барање. * Политика на отказ на резервацијата: до 7 денови - бесплатно; помалку од 7 дена - 50% ;  еден ден пред доаѓање  - 100%. 

Услови за плаќање:

Цените се изразени во евра со денарски курс од 62.00. Авансно плаќање по фактура.

Општи услови: 

* За програмата важат Општите Услови на СКТМ. * Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да биде соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. * Сопоственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.  * Организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот како резултата на пандемија без рефундација, но со можност за издавање на ваучер кој клиентите ќе можат да го искористат во следниот период согласно моменталните услови.  * Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај  на промена на цената на хотелот.  * Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.