Објавено во Србија, Златибор
Mons се наоѓа веднаш до црквата во центарот на Златибор, на 300 метри од езерото, во близина на фудбалски и тениски терени. Тие се изолирани од бучава, па на гостите им се гарантира мирен одмор. Со својот модерен ентериер, содржина која нуди највисоко ниво на услуга, МОНС е вистинското место за одмор и уживање на сите генерации.
Сите сместувачки единици се модерни и опремени по високи стандарди. Хотелот располага со 21 луксузен апартман, од кои 3 се студија за две лица, 15 апартмани за четири лица и 3 апартмани во кои се сместени најмногу шест лица. Апартманите се погодни за 1-4 лица, има дневна соба, спална соба со брачен кревет, комплетно опремена кујна и бања. Модерно дизајнираните апартмани се удобни и пространи, што го претставуваат вистинскиот избор за љубителите на луксузот и удобноста. Идеален е за деловни луѓе, како и за семејство или група пријатели.
Хотелот нуди услуга на ББ сервис ( вклучен доручек ), ХБ сервис ( вклучен доручек и вечера ).
Во хотелот „МОНС“ има 21 модерен апартман, од кои 3 се студиа, 15 апартмани за четири лица и 3 апартмани во кои можат да се сместат најмногу шест лица. Покрај споменатите сместувачки единици, хотелот содржи и сала за прием, рецепција, кафе ресторан, велнес СПА центар, конференциска сала, теретана, детска игротека и ЗАБАВА зона.
Покрај обавезното скијање и пешачење, можете да уживате и во СПА и Фитнес центарот на овој хотел или едноставно да се опуштите со пијалок на терасата која нуди прекрасен поглед. Велнес и фитнес центар е достапен за сите гости на хотелот.
Напомена:
* Собите се достапни по добиено барање. * Политика на отказ на резервацијата: до 7 денови - бесплатно; помалку од 7 дена - 50% ; еден ден пред доаѓање - 100%.
Услови за плаќање:
Цените се изразени во евра со денарски курс од 62.00. Авансно плаќање по фактура.
Општи услови:
* За програмата важат Општите Услови на СКТМ. * Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да биде соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. * Сопоственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица. * Организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот како резултата на пандемија без рефундација, но со можност за издавање на ваучер кој клиентите ќе можат да го искористат во следниот период согласно моменталните услови. * Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на хотелот. * Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.