Hotel Yacht 4*, Valona

Објавено во Албанија, Валона


ПОЛОЖБА:

Yacht Hotel е лоциран во Валона, на 20 метри од плажата Валона. Додека на 3,9 км се наоѓа плажата Вјетер, а на само 5 км од Плоштадот на независноста. 

СМЕСТУВАЊЕ:

Хотелот расплага со луксузни соби и модерно уредени соби. Има повеќе типови на соби: Deluxe Double Room with Balcony and Sea View 55 m², Superior Double Room with Sea View 40 m², Double Room with Balcony and Sea View 45 m², Deluxe Suite with Sea View 55 m², Two-Bedroom Suite 75 m², Family Suite with Sea View 90 m², Junior Suite with Sea View 63 m². Собите се опремени со телевизор со рамен екран со сателитски канали и приватна бања. Исто така во сите соби има систем ладење/греење, телефон, фен, балкон/тераса, мини бар, сеф.

УСЛУГА:

Хотелот служи секојдневно доручек во ресторанот. Исто така гостите можат да уживаат во италијанските оброци во Bar Restorant Piceri Xhokla на 5 минути пешачење од хотелот.Хотелот располага со просторија за складирање на багаж, сеф и банкомат.

СОДРЖИНА:

Хотелот располага со рецепција која работи 24 часа, прекрасен ресторан, бар, приватна плажа и бесплатен паркинг

ПЛАЖА:

Хотелот има прекрасна сопствена плажа опремена со лежалки и чадори за сонце.

СПОРТ И ЗАБАВА:

Хотелот располага со одличен ресторан и бар во кои можете да уживате, а исто така во близина имаи многу други ресторани, кафе барови и атрактивни места за посета и забава. 



Напомена:

* Собите се достапни по добиено барање. * Политика на отказ на резервацијата: до 7 денови - бесплатно; помалку од 7 дена - 50% ;  еден ден пред доаѓање  - 100%. 

Услови за плаќање:

Цените се изразени во евра со денарски курс од 62.00. Авансно плаќање по фактура.

Општи услови: 

* За програмата важат Општите Услови на СКТМ. * Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да биде соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. * Сопоственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.  * Организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот како резултат на пандемија без рефундација, но со можност за издавање на ваучер кој клиентите ќе можат да го искористат во следниот период согласно моменталните услови.  * Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај  на промена на цената на хотелот.  * Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.