Hotel Alpha 3*, Saranda

Објавено во Албанија, Саранда


ПОЛОЖБА:

Хотелот се наоѓа на само 200 метри од плажата Диско Манго и на 2 км од центарот на Саранда. Локална автобуска станица е оддалечена околу 150 метри, а пристаништето со линии до Крф е 3 км од хотелот Алфа.

СМЕСТУВАЊЕ:

Хотелот има убави и модерно уредени соби. Располага со повеќе типови на соби. Собите се опремени со ТВ со рамен екран, фрижидер, клима, Wi-Fi, балкон/тераса. 

УСЛУГА:

Хотелот располага со ресторан кој служи вкусна традиционална локална храна, морска храна, медитеранска кујна.
Исто така, има и безжичниот интернет кој е бесплатен и достапен низ цел хотелот. Паркинг местата се бесплатни, но бројот е ограничен.

СОДРЖИНА:

Хотелот има рецепција која работи 24 часа, просторија за чување на багаж, ресторан, бар, објекти за лица со посебни потреби.

ПЛАЖА:

Хотел Alpha е на само 200 м од најблиската плажа која е опремена со лежалки и чадори за сонце.

СПОРТ И ЗАБАВА:

Блиското крајбрежно шеталиште е изобилува со различни ресторани и барови.




Напомена:

* Собите се достапни по добиено барање. * Политика на отказ на резервацијата: до 7 денови - бесплатно; помалку од 7 дена - 50% ;  еден ден пред доаѓање  - 100%. 

Услови за плаќање:

Цените се изразени во евра со денарски курс од 62.00. Авансно плаќање по фактура.

Општи услови: 

* За програмата важат Општите Услови на СКТМ. * Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да биде соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. * Сопоственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.  * Организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот како резултат на пандемија без рефундација, но со можност за издавање на ваучер кој клиентите ќе можат да го искористат во следниот период согласно моменталните услови.  * Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај  на промена на цената на хотелот.  * Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.