Hotel Lebed 4*, Ohrid

Објавено во Македонија, Охрид, Хотели


ПОЛОЖБА:
Хотел Лебед е мал но современ хотел кој се наоѓа на прекрасна локација, пред самото езеро и на 500 м од центарот.

СМЕСТУВАЊЕ:
Располага со 28 собиa (9 трокреветни, 19 двокреветни)

УСЛУГА: 
Собите се опремени со купатило, клима, кабелска ТВ, интернет, тераса. Во склоп на хотелот има ресторан и нуди 24 ч собна услуга, обезбеден паркинг.

СОДРЖИНА: 
Удобност, топлина и квалитет во стилски и софистициран амбиент, сето тоа на едно место- Хотел Лебед. Мал, но прекрасен хотел лоциран крај самиот брег на едно од најстарите и најубавите езера во светот - Охридско Езеро, само неколку минути пеш од центарот на градот.

Опуштено чувство… постигнато од есенцијалните карактеристики на собите: добро осветлување, беспрекорен дизајн и пространост.

ПЛАЖА:
Хотелот не располага со сопствена плажа. Најблиските плажи се на 300 метри од објектот.

Доплата за дополнителен оброк 7евра по лице.
Туристичка такса е вклучена во цената.
Политика за деца: 0-4.99 години гратис; деца 5-11.99 години во трокреветна соба 50% на цената.

×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.