MPM Sport Hotel 4*, Bansko

Објавено во Бугарија, Банско


ПОЛОЖБА:

MPM Hotel Sport има идеална локација само 100 метри над станицата со гондола во Банско. Покрај врвната локација на падините во подножјето на планината Пирин. MPM Hotel Sport им нуди на своите гости мирна и релаксирачка атмосфера и амбиент кој во комбинација со личниот и приватниот допир и високиот квалитет на услугите го прави еден од најдобрите имоти во одморалиштето.

СМЕСТУВАЊЕ:  

Хотелот нуди супериорно сместување со пријатни и луксузни соби и апартмани. Секоја од собите располага со телевизор со рамен екран со кабелски канали, софа и бања со туш или када. Некои од собите имаат балкон, кој отвора живописен поглед на планината Пирин.

УСЛУГА: 

 Хотелот нуди услуга на ББ сервис ( вклучен доручек ), ХБ сервис ( вклучен доручек и вечера ).

СОДРЖИНА: 

За ваша удобност  MPM Hotel Sport нуди: лоби бар, главен ресторан – 130 седишта, ресторан со одличен избор на јадења и вина, прекрасна и негувана градина со фурна, простран спа центар со внатрешен базен, римска бања, парна бања, сауна, џакузи со греење на отворено, разновидни специјализирани процедури за тело и третман.

СПОРТ И ЗАБАВА:  

Во самиот хотело има и продавница за изнајмување ски. Други понудени услуги вклучуваат бесплатно складирање ски.До центарот на Банско се стигнува на 5 минути пешачење, а централната автобуска станица се наоѓа на 2,5 километри. Гостите кои пристигнуваат со лично возило можат да го користат приватниот паркинг на MPM Sport Hotel.


Напомена:

* Собите се достапни по добиено барање. * Политика на отказ на резервацијата: до 7 денови - бесплатно; помалку од 7 дена - 50% ;  еден ден пред доаѓање  - 100%. 

Услови за плаќање:

Цените се изразени во евра со денарски курс од 62.00. Авансно плаќање по фактура.

Општи услови: 

* За програмата важат Општите Услови на СКТМ. * Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да биде соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. * Сопоственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.  * Организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот како резултата на пандемија без рефундација, но со можност за издавање на ваучер кој клиентите ќе можат да го искористат во следниот период согласно моменталните услови.  * Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај  на промена на цената на хотелот.  * Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.