Aspen Resort 3*, Razlog, Bansko

Објавено во Бугарија, Банско


ПОЛОЖБА:

Aspen Resort Golf Ski & Spa се наоѓа во живописната област на Разлошката долина, опкружена со трите најпопуларни бугарски планини. Тие се дел од Националниот парк Пирин и се под заштита на УНЕСКО поради уникатниот екосистем, богатиот див свет, флора и фауна. Исто така е 10 мин. далеку со автомобил од добро познатиот ски-центар Банско. Меѓународно признатиот извонреден терен „Пирин голф“  е оддалечен само 300 метри.

СМЕСТУВАЊЕ:  

73 комплетно опремени студија со опремена кујна, комплети за јадење и прибор, трпезариска маса, ТВ, телефон, комплетно опремена бања со фен, два посебни кревети со удобни душеци. 53 наместени апартмани со една спална соба. Секој апартман има комплетно опремена кујна , спална соба со king size кревет. Апартманите со 2 спални се целосно опремени и имаат опремена кујна, модерна и комплетно опремена дневна соба со софа, масичка, ТВ и телефон, комплетно опремена бања и посебно WC, 2 спални соби - едниот со 2 посебни кревети, а другиот со king size кревет.

УСЛУГА: 

 Хотелот нуди услуга на ББ сервис ( вклучен доручек ), ХБ сервис ( вклучен доручек и вечера ).

СОДРЖИНА:

Елегантниот ресторан во Aspen Golf нуди меѓународна кујна и традиционални бугарски специјалитети, винарска листа со широк избор на локални и увозни вина,градина со прекрасен поглед на планината Пирин, пријатна дневна област со камин и плазма телевизор.

Во Aspen Golf можете да уживате во затворениот загреан базен со дел за џакузи, сауна или парна бања. Можете да изберете од различни масажи и процедури за лекување, а потоа да уживате во свежо исцеден сок во релакс просторот.

Тип на соба Услуга Датуми
01.12 - 23.12.2021 ( 2 ноќи ) 01.12 - 23.12.2021 ( 3 ноќи )
Цена по лице во Апартман Полупансион 62 € 89 €
Цена за студио по лице Полупансион 57 € 81 €
Цена за 2 собен апартман Полупансион 55 € 80 €

Напомена:

* Собите се достапни по добиено барање. * Политика на отказ на резервацијата: до 7 денови - бесплатно; помалку од 7 дена - 50% ;  еден ден пред доаѓање  - 100%. 

Услови за плаќање:

Цените се изразени во евра со денарски курс од 62.00. Авансно плаќање по фактура.

Општи услови: 

* За програмата важат Општите Услови на СКТМ. * Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да биде соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. * Сопоственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.  * Организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот како резултата на пандемија без рефундација, но со можност за издавање на ваучер кој клиентите ќе можат да го искористат во следниот период согласно моменталните услови.  * Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај  на промена на цената на хотелот.  * Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.