Објавено во Македонија, Охрид, Хотели
ПОЛОЖБА:
Хотел Силекс се наоѓа во туристичкиот комплекс Св.Стефан, оддалечен 4км од
центарот на Охрид, на регионалниот патен правец Охрид – Св.Наум и 10км од
аеродромот Св.Апостол Павле. Хотел Силекс се простира на самиот брег на Охридското Езеро и се наоѓа помеѓу пространството на бистра сина езерска вода и зеленилото на боровата шума низ која поминува шумска уредена патека која Ве води до манастирот Св.Стефан на надморска висина од 720 м.
СМЕСТУВАЊЕ:
Сите соби се со приватна бања и туш кабина, фен,
посебен клима уред, мини бар, сеф, сателитска телевизија, балкон со прекрасен
поглед спрема шума и прекрасното Охридско езеро.
УСЛУГА:
Хотелот нуди услуга на ББ сервис ( вклучен доручек ), ХБ
сервис ( вклучен доручек и вечера ), ФБ сервис ( вклучен доручек, ручек,
вечера ). Пијалокот не е вклучен во понуда.
СОДРЖИНА:
Главен ресторан, лоби бар, бар на базен, телефон, интернет, рент а кар, wi - fi
интернет во целиот објект, Одлични конгресни и семинарски сали, за одлично организирани
настани.
ПЛАЖА:
Плажата од хотелот е одалечена само 30м, приватна плажа во сопственост на
хотелот. Песочна и камчеста плажа, опремена со лежалки и чадори. До плажата се
оди преку пат. Лежалките и чадорите околу базенот се бесплатни.
СПОРТ И ЗАБАВА:
Надворешен базен за возрасни и деца, фитнес центар, детско игралиште. Oрганизација на различни екскурзии во соработка со нашата агенција.
Заради моменталната ситуација со Ковид-19 цените подлежат на
промени.
За најдобри цени побарајте понуда на:
info@dmcbalkans.com
+398 77 739 000 Viber/Whatsapp
+389 46 256 333
*Цените се дадени по лице за една ноќ.
*Доплата за соба со поглед на езеро/базен е 5 евра и се (доплаќа на рецепција)
*Деца 6-11,99 плаќаат 50 % од цената (користат дополнително легло). Дете до 5,99 гратис (користи легло со родителите). Доколку во собата има две деца до 6 год. едното дете е гратис и користи исто легло со родителите, а другото плаќа 50 % од цената и користи дополнително легло.
*Доплата за вечера/ручек за дете до 5,99 год е 3 евра.