Hotel Izgrev 5*, Struga

Објавено во Македонија, Струга


ПОЛОЖБА:  
Хотел Изгрев е лоциран во Струга, на самиот брег на Охридското езеро. Во неговата понуда се вклучени отворен и затворен базен. Исто така, гостите имаат бесплатен пристап до аква паркот во склоп на хотелот, бесплатен приватен паркинг и бесплатен ви-фи интернет.

СМЕСТУВАЊЕ:  
Сите соби во хотелот се климатизирани, опремени се со flat-screen ТВ, и имаат балкон. Тоалетите имаат туш кабина или када, сите се опремени со фен за коса. Од собите се пружа поглед кон езерото. Одредени соби располагаат со камин, приватен базен и сеф.

УСЛУГА:  
Хотелот нуди услуга на ББ сервис ( вклучен доручек ), ХБ сервис ( вклучен доручек и вечера ), ФБ сервис ( вклучен доручек, ручек, вечера ). Пијалокот не е вклучен во понуда.

СОДРЖИНА:  
Во состав на Хотел Изгрев има ресторан за индивидуални гости, ресторан за свадби и други свечености со можност за пренамена за одржување на средби, конференции, состаноци, семинари. Ресторанот има капацитет за 650 гости. На самиот брег на езерото има летна тераса која нуди разни видови пијалаци и вкусна храна. Сопствениот приватен паркинг на хотелот значи поголема сигурност на вашето возило. Располага и со ултра модерен спа и велнес центар кој опфаќа сауна, парна бања, турска бања, соби за масажа, фитнес центар. Хотелот располага и со терени за тенис и мини голф.

ПЛАЖА: 
Комплексот располага со: отворени базени, аква парк приватна плажа, приватна марина (платформа), располага со спортски терени комбинирани за мал фудбал, кошарка, тенис, ракомет и одбојка кои се изградени за потребите на гостите кои престојуваат во Хотел Изгрев.

СПОРТ И ЗАБАВА:
Спортските терени кои ги исполнуваат современите стандарди се одлична можност за спортски екипи за одржување тренинзи или спортски игри или пак за разонода за гостите во слободното време, има одличен базен за ваша рекреација и одмор! 



Заради моменталната ситуација со Ковид-19 цените подлежат на промени.  
За најдобри цени побарајте понуда на:  
info@dmcbalkans.com 
+398 77 739 000 Viber/WhatsApp
+389 46 256 333

×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.