Објавено во Македонија, Крушево
PANORAMA HOTEL & SPA се наоѓа во густа букова шума нуди најубав и живописен поглед на Крушево. Изграден во далечната 1971 година а комплетно реновиран и дограден во 2018 година. Сите соби се архитектонски одлично решени и испланирани, ентериерно модерно спремени со спој на дрво и камен, секоја соба и апарман е со прекрасен поглед на градот.
Хотелот располага со 20 соби и апартмани: 12 двокреветни, 2 трокреветни и 6 апартмани. Сите се со величествен панорамски поглед кон Крушево… Освен еден Јуниор апартман, кој е со бајковит поглед кон буковата корија. Вкупниот капацитет на хотелот е 52 гости. Во зимската сезона, користењето на жичарницата и ски лифтовите се бесплатни за гостите на хотелот.
Хотелот нуди услуга на ББ сервис ( вклучен доручек ), ХБ сервис ( вклучен доручек и вечера ), ФБ сервис ( вклучен доручек, ручек, вечера ). Пијалокот не е вклучен во понуда.
Хотелот располага со ресторан, внатрешен базен, спа центар, бесплатен интернет на цела територија на хотелот и ски соба за вашата опрема за скијање. Големите стаклени површини на ресторанот Алто ви откриваат неверојатен поглед кон Крушево, кон боровата шума и кон облаците. Традиционалните јадења Ви ја топлат душата, а интернационалното мени ве шета низ светот. Сите јадења се приготвени по највисоките гурмански стандарди од врвни готвачи.
За вистинска релаксација ве очекува спа центарот со внатрешениот базен кој има фантастична панорамска глетка кон Крушево и стаклен покрив кој ви овозможува постојано да го гледате и небото.Опремен е со хидраулични лежалки, џакузи, топли лежалки и финска сауна. За целосно опуштање, можете да изберете од различните видови масажи: релакс масажа, спортска, медицинска, масажа на стапала и масажа на лице.А за нега на вашето лице и тело, почестете се со некој од повеќето третмани со врвната козметика БАБОР (третман на лице со алги, salt aroma grow третман на тело, лифт експрес третман на лице, Клеопатра третман на тело или витамински коктел за зацврстување и заштита на кожата).
Дополнителни информации:
* Во цената е вклучен појадок, користење на СПА центарот, базен, паркинг, туристичка такса, осигурување, вода по собите, 10 % попуст во Lounge Bar Alto кој се наоѓа на ски терените во Крушево.
* Дополнителен оброк ручек или вечера се доплаќа 10 евра по лице, за деца под 8 год. 5 евра по лице.* Во супериор, јуниор и делукс апартманите има опција за сместување на трето лице или две деца до 12 год.
* За трето возрасно лице или деца над 8 години се доплаќа 10 евра по ноќ BB по лице.
* Собите се достапни по добиено барање. * Политика на отказ на резервацијата: до 7 денови - бесплатно; помалку од 7 дена - 50% ; еден ден пред доаѓање - 100%.
Цените се изразени во евра со денарски курс од 62.00. Авансно плаќање по фактура.
* За програмата важат Општите Услови на СКТМ. * Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да биде соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. * Сопоственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица. * Организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот како резултат на пандемија без рефундација, но со можност за издавање на ваучер кој клиентите ќе можат да го искористат во следниот период согласно моменталните услови. * Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на хотелот. * Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.