Kompleks Konak 4*, Popova Shapka

Објавено во Македонија, Попова Шапка


ПОЛОЖБА:

„Конак“– Попова Шапка е модерен планински објект базиран на традиционален изглед. Сместен е на Шар планината во скијачкиот центар Попова Шапка на 1760 мнв. Поволната географска положба релативно блиску до Тетово на 18 км и Скопје 55 км главниот град на Република Македонија го прави да го посетат голем број туристи и во летната и во зимската скијачка сезона. Особено задоволство ќе Ви овозможи ентериерот на објектот во комбинација на дрво и камен со камин и отворен поглед на скијачките терени. На платото пред објектот се наоѓа голема тераса која има јужна ориентација и доста погодна за престој во текот на зимската сезона поради големиот број сончеви денови кои се главна одлика на скијачкиот центар Попова Шапка. 

СМЕСТУВАЊЕ: 

 Комплексот се состои од два дела – Хотелски и Планинарски дел со вкупно 16 соби.  Хотелските соби имаат сопствена бања додека собите од планинарскиот дел со заедничка бања. Сите собите се со централно греење.

УСЛУГА: 

 Комплексот располага со ресторан во кој се служи доручек, ручек и вечера како и школо за скијање и сноуборд. Во комплексот има wi-fi мрежа и ТВ. Се обезбедува и трансфер до аеродором.

СОДРЖИНА:

Комплексот располага со ресторан кој  се наоѓа на првиот кат од објектот и има затворена сала со капацитет од 100 места и летна тераса на отворено со капацитет од 150 места., ски кафе, целосно опремена конференциска сала со површина од 60 м и сауна. 

СПОРТ И ЗАБАВА: 

 Гостите кои ќе престојуваат во овој комплекс можат да уживаат во различни активности како скијање, возење моторни санки, прошетки со ратрак, палнинарење, 4х4 авантури, планински велосипедизам, параглајдинг и сл.

 

Заради моменталната ситуација со Ковид-19 цените подлежат на промени.  
За најдобри цени побарајте понуда на:
info@dmcbalkans.com 
+398 77 739 000 Viber/WhatsApp
+389 46 256 333


Тип на соба Услуга Датуми
Ноември 2021 Декември 2021 Јануари 2022 Февруари 2022 Март 2022
Цена по лице во двокреветна соба Ноќевање со појадок 16 € 20 € 22 € 20 € 20 €

Напомени: 

  • Собите се достапни по добиено барање
  • Политика на отказ на резервацијата: до 7 денови - бесплатно; помалку од 7 денови 50%, еден ден пред доаѓање 100%.

УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ: 
Цените се изразени во евра со денарски курс од 62.00 деанари. Авансно плаќање по фактура.

ОПШТИ УСЛОВИ:

  • За програмата важат Опшите Услови за патување на СКТМ.
  • Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување.
  • Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
  • Организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот како резултат на пандемија без рефундација, но со можност за издавање на ваучер кој клиентите ќе го искористат во следниот период согласно моменталните услови.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на хотелот.
  • Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.