Rey Hotel 4*, Mavrovo

Објавено во Македонија, Маврово


ПОЛОЖБА:  

Сместен во подножјето на планината Бистра кај езерото Маврово,  Хотел Реј нуди сместување со воодушевувачки поглед. Доколку сакате да избегате од секојдневните обврски да се релаксирате и одморите во природа Хотел Реј е вистинскиот избор за вас.

СМЕСТУВАЊЕ:

Сите соби се опремени со ТВ со кабловска, мини бар, софа за седње, приватна бања. 

УСЛУГА: 

Oвој хотел нуди бесплатен Wi-Fi и бесплатен паркинг на самата локацијата. Хотелот нуди услуга на ББ сервис ( вклучен доручек ), ХБ сервис ( вклучен доручек и вечера ), ФБ сервис ( вклучен доручек, ручек, вечера ). Има прекрасен ресторан со поглед на езеро кој може да ги задоволи и најголемите гурмани.

СОДРЖИНА:

Гостите на хотелот можат да го започнат својот ден со појадок секое утро, уживајќи во утринското кафе и прекрасниот поглед. Ресторанот и барот служат локална и интернационална кујна. Гостите можат да уживаат и во базенот. 

СПОРТ И ЗАБАВА: 

На располагање е изнајмување на автомобил исто така оваа област е многу добра за пешачење и уживање во природата.

Тип на соба Услуга Датуми
Зима 2021/2022
Еднокреветна соба Ноќевање со појадок 30 €
Цена по лице во двокреветна соба Ноќевање со појадок 26 €
Цена по лице во трокреветна соба Ноќевање со појадок 33 €
Цена по лице во четирикреветна соба Ноќевање со појадок 43 €

Напомена:

* Собите се достапни по добиено барање. * Политика на отказ на резервацијата: до 7 денови - бесплатно; помалку од 7 дена - 50% ;  еден ден пред доаѓање  - 100%. 

Услови за плаќање:

Цените се изразени во евра со денарски курс од 62.00. Авансно плаќање по фактура.

Општи услови: 

* За програмата важат Општите Услови на СКТМ. * Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да биде соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. * Сопоственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.  * Организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот како резултат на пандемија без рефундација, но со можност за издавање на ваучер кој клиентите ќе можат да го искористат во следниот период согласно моменталните услови.  * Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај  на промена на цената на хотелот.  * Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.